Денеска се одржа завршниот настан од активноста стручна обука за шивачи во рамки на проектот „Мобилен тим за социјална инклузија на ранливи групи во Тетово“

Денеска се одржа завршниот настан од активноста стручна обука за шивачи во рамки на проектот „Мобилен тим за социјална инклузија на ранливи групи во Тетово“ преку која 10 невработени лица од различна етничка припадност се стекнаа со сертификати за завршена 4-месечна обука за шивачи.
Настанот се одржа во ОССУ “Ѓоце Стојчески“- Тетово каде учествуваа и Претстедателот на Советот при Општина Тетово, Раководителот на Сектор за јавни дејности Ахмед Ќазими, професори и Директорот на училиштето.
Проектот „Мобилен тим за социјална инклузија на ранливи групи во Тетово“ се имплементира од страна на АДРР „СОНЦЕ“ а е финансиран од GIZ.