Национална тркалезна маса за застапување се одржа на ден 21.11.2018 со цел објавување на брифингот Ромите во Република Македонија: Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита, во Хотел Мериот во Скопје.
Брифингот, објавен на англиски, македонски, албански и ромски јазик, е издаден преку соработката на МРГ и СОНЦЕ. Истиот дава бројни препораки до македонската влада и локалните самоуправи. Брифингот се фокусира на три клучни области во кои Ромите и понатаму се соочуваат со дискриминација: образование, домување и здравство.
На тркалезната маса говорници беа: Министерот без ресор г-дин Аксел Ахмедовски, г-дин Самка Ибраимоски-Пратеник во Собрание на РМ, г-ѓа Васка Бајрамоска- заменик Народен правобранител, Атиџе Османова-проектен медијатор и Мако Демиров- претставник од ромската заедница. Исто така во првиот панел имаше воведно обраќање и извршниот директор на АДРР СОНЦЕ – Г-дин Ферди Исмаили.
На настанот беа поканети претставници на државни институции од клучните области, претставници на меѓународни институции/организации, експерти, организациите членки на Мрежата за застапување на Ромите и медијатори.
Тркалезната маса беше организирана во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите” финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРГ)
Онлине брифингот на повеќе јазици може да го најдете на следниве линкови :