Партнерска средба помеѓу членови на акциските групи на заедницата, локалните власти, ромскиот граѓански сектор и медијатори Роми од општините Дебар, Тетово и Кичево

На ден 29 јуни 2018 година во хотел Бистра во Маврово се одржа партнерска средба помеѓу членови на акциските групи на заедницата, претставници на локалните власти, претставници на ромскиот граѓански сектор и медијатори Роми од општините Дебар, Тетово и Кичево. На средбата беше дискутирано за националните и локалните јавни политики кои ги таргетираат Ромите во општините Дебар, Тетово и Кичево, состојбите во овие општини во однос на информирање на граѓаните, консултација со граѓаните и степенот на учество на ромската заедница во процесот на донесување на одлуки, нивото на партиципацијата на акциските групи на заедницата, ромскиот граѓански сектор, медијатори Роми и целовкупната ромска заедница во процесот на донесување на одлуки, приоритетите на локалните чинители за ромската заедница и важноста од партнерството и соработка во процесот на дефинирање на проблемите и приоритетите, како предуслов за успешно планирање и спроведување.

Настанот се одржа во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија кој се имплементира од АДРР СОНЦЕ во партнерство со Групата за Малцински Права- Лондон.