На 22.03.2019 година во просториите на ГИЗ во Скопје се одржа вториот работен состанок за формирање на Национална мрежа за застапување на интересите на повратници со цел дефинирање на областите и приоритетите на Мрежата, дефинирање на стратешките цели, називот и потенцијалните членови на Мрежата. Во текот на средбата за Националната мрежата за повратници се даваа инпути за работата со повратници од страна на преставниците на 3-те НВО (членови) кои се иницијатори и носечки организации во процесот на креирањето на Националната мрежа за повратници. Како идни активности се поставија:
- Запознавање на новите членови со работата на Националната мрежа за повратници, која ќе биде нивната улога и давање на свој инпут во целите и активностите на Мрежата.
- Договарање на критериуми за тие кои дополнително ќе сакаат да станат членови во Мрежата.
- Поставување на краткорочни, среднорочни и долгорочни цели за работа и план како да се остварат истите.
Како приоритетни цели на оваа мрежа би биле:
- Споделување на информации за конкретни случаи на повратници (на Локално и Национално ниво) -моментален фокус-повратници од Германија.
- Воспоставување на механизам за комуникација со соодветни институции и организации од земјите од кои се враќаат повратниците (Германија).
- Фасилитирање на реинтеграција на конкретни случаи на повратници (на локално ниво).
- Покренување на свеста за темата.
- Застапување и лобирање на темата.
- Зајакнување на капацитетите на членовите на мрежата на темата.