Средба за застапување со директорот на Државниот просветен инспекторат при Министерство за образование и наука

На 25.10.2019 беше одржана средба за застапување со директорот на Државниот просветен инспекторат при Министерство за образование и наука. Целта на состанокот за застапување беше да се информира директорот на Просветниот инспекторат за документирани случаи на директна дискриминација врз учениците Роми во неколку основни училишта во општините во кои се спроведува проектот. Покрај тоа, преставниците од АДРР Сонце и МРГ сакаа да бидат информирани за активностите на Инспекторатот во врска со тековниот проблем со сегрегацијата на учениците Роми.
Оваа средба беше организирана во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија, имплементиран од страна на АДРР Сонце во партнерство со МРГ.