Средба за застапување со претставници на Општина Штип

На 11 јуни во Општина Штип, претставници на АДРР Сонце и Групата за малцински права- Лондон остварија средба со претставници на Општина Штип. На средбата се разговараа прашања кои ја засегаат ромската заедница утврдени при теренските посети во Штип каде што живее заедницата и за можностите да се преземат определени чекори за справување со истите. Оваа средба се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.