Асоцијацијата за демокрстки развој на Ромите Сонце од Тетово денес додели лаптопи на Општина Куманово за поддршка на децата кои доаѓаат од ранливи категории на семејства!
Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот „Никој да не биде изоставен“ во партнерство со Здружение на општини Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС.
Проектот е имплементиран од НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ и ЗЕЛС, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ).



