Avdive ulavgepes hajbnaskere thaj užipaskere paketoja ani gradinka 8-to April-dikhen Video..

Avdive ano pervazija (ramke) e proekteske ,,Bajrovipe o lejbe than thaj participacija e sikhlenge Roma đi ano kvalitetnikano anglal buvlaripe ano sađjandipe thaj fundavno educiribe” ulavgepes  arka baš 136 čhavore-Roma save lena than  anglal sikhlojbaski sikhlovni  ani Komuna Šuto Orizari.

E hajbnaskere thaj užipnaskere, (paklukoskere, higienska) paketoja ulavenapes ano buthi kheripe e komunensar Šuto Orizari, Tetovo thaj Gostivar.

O proekti tano ikherdo tar ,,Bajrovipe  edukacijake šajdipa tar sikhle  Roma thaj terne Roma tar Purab Balkani sar thaj o Khoranipe”, aso implementacija e proekteske tavdela prekal o vastalipe tar Edukativnikano Fondi tar Budimpešta.

Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денес се дели помош за 136 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Шуто Оризари. Обезбедени се прехрамбени и хигиенски пакети и школски прибор за 136 децата кои се таргетирани со проектот.

Покрај пакетите со храна, хигиена и школски прибор, во текот на наредната недела ќе се доделат и 170 таблети за учениците Роми вклучени во прво, второ и трето одделение а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

Целата помош е поделена во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини. Овој проект е дел од програмата ,,Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција” (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.

Dikhen o video.

LEAVE NO ONE BEHIND – ACCEDER CONCEPT IN NORTH MACEDONIA – НЕ ОСТАВАЈ НИКОГО ЗАД СЕБЕ – АЦЦЕДЕР КОНЦЕПТОТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

The overall objective of the project is increasing employability level on labor market of Roma and other vulnerable groups through training, counselling, intermediation and extensive partnership between public administration and private companies, as basis to improve employment of Roma with the general population.

 

The following results are expected to be achieved with the action:

  • Established partnership with public institutions and companies leads to providing better services to the Roma accessing the labour market;
  • Fostered basic and social skills and competences of Roma and provision with professional qualifications leads to better access to paid jobs;
  • Raised awareness about prejudices and discriminatory practices that Roma are facing leads to improve of the social image of Roma

 

The following activities will be completed in order to achieve the set objectives:

  • Establishing the program and building capacities of Acceder team
  • Promotion of the Acceder programme
  • Establishing database for appropriate guidance, planning and evaluation
  • Outreach of potential participants
  • Individual employment pathway and counselling
  • Job market research and cooperation with companies
  • Building capacities, knowledge and skills of the participants

 

Главната цел на проектот е зголемување на нивото на вработливост на пазарот на трудот на Ромите и другите ранливи групи преку обука, советување, посредување и широко партнерство помеѓу јавната администрација и приватните компании, како основа за подобрување на вработеноста на Ромите во општата популација.

 

Следниве резултати се очекува да бидат постигнати со акцијата:

  • Воспоставеното партнерство со јавните институции и компании води кон обезбедување подобри услуги на Ромите за пристап до пазарот на трудот;
  • Негуваните основни и социјални вештини и компетенции на Ромите и обезбедувањето професионални квалификации доведува до подобар пристап до платени работни места;
  • Подигање на свеста за предрасудите и дискриминаторските практики со кои се соочуваат Ромите, доведува до подобрување на социјалниот имиџ на Ромите

 

Следниве активности ќе бидат завршени со цел да се постигнат поставените цели:

  • Воспоставување на програма и градење на капацитетите на тимот Acceder
  • Промоција на програмата Acceder
  • Воспоставување база на податоци за соодветно водство, планирање и евалуација
  • Пристап до потенцијалните учесници
  • Индивидуална патека за вработување и советување
  • Истражување на пазарот на трудот и соработка со компании
  • Градење на капацитети, знаење и вештини на учесниците

Национална средба за застапување со Кабинетот на Министерот без Ресор

На 23 јануари 2020 година претставници на АДРР Сонце и Групата за малцински права од Лондон одржаа национална средба за застапување со претставници на Кабинетот на Министерот без Ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на статусот на Ромите во Република Северна Македонија, и тоа со Министерот Музафер Бајрам и советничката Сенада Ламовска. Како последна од низата средби за застапување со носители на одлуки, средбата имаше за цел споделување на резултатите и постигнувањата на проектот во текот на тригодишната имплементација. Покрај тоа, разгледана беше и можноста за натамошна идна соработка при подготовка на новата Стратегија за подобрување на статусот на Ромите. НВО АДРР Сонце зедно со Мрежата за застапување на правата на Ромите формирана во рамки на проектот може да даде свој придонес особено со усвоениот Акциски План на Мрежата во кој се опфатени сите клучни области (образование, домување, социјална заштита, здравствена заштита, вработување и дискриминацијата како интерсекциска област), со препораки за подобрување на состојбата на Ромите.

Оваа средба за застапување се реализираше како дел од компонентата за градење на капацитети и менторирање во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија, а имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.

Средба за застапување со Заменик Министерот за труд и социјална политика

На 15-ти јануари, претставникот на МРГ одржа состанок за застапување со Заменик Министерот за труд и социјална политика и специјалниот советник во Министерството за труд и социјална политика.
Целта на состанокот за застапување беше да се информира Заменик Министерот за труд и социјална политика за повеќето документирани случаи во периодот на проектот, да се дискутира за мотивирање на ромската заедница да пријавува случаи на дискриминација, да разговара за потенцијална соработка за застапување за формирање правни центри во општините каде се спроведува проектот и да се разговара за потенцијалната соработка за активности за подигнување на свеста кај ромската заедница во врска со новиот Закон за социјална заштита.

Оваа средба беше организирана во рамките на проектот  Од акција до еднакви права за Ромите, имплементиран од АДРР СОНЦЕ во партнерство со Група за малцински права, финансиран од Европска Унија.

 

Средба за застапување со директорот на Државниот просветен инспекторат при Министерство за образование и наука

На 25.10.2019 беше одржана средба за застапување со директорот на Државниот просветен инспекторат при Министерство за образование и наука. Целта на состанокот за застапување беше да се информира директорот на Просветниот инспекторат за документирани случаи на директна дискриминација врз учениците Роми во неколку основни училишта во општините во кои се спроведува проектот. Покрај тоа, преставниците од АДРР Сонце и МРГ сакаа да бидат информирани за активностите на Инспекторатот во врска со тековниот проблем со сегрегацијата на учениците Роми.
Оваа средба беше организирана во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија, имплементиран од страна на АДРР Сонце во партнерство со МРГ.

Средба за застапување со претставник на Сектор за еднакви можности при МТСП

На 23.12.2019 година претставникот од Групата за малцински права Лондон (МРГ) и претставник од АДРР Сонце одржаа средба за застапување со претставник на Сектор за еднакви можности. Целта на состанокот за застапување беше да се информира Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика за најдокументираните случаи во периодот на проектот, да се дискутира за мотивирање на ромската заедница да известува за случаи на дискриминација, воедно се разговараше за потенцијална соработка за формирање правни центри во општините каде што се спроведува проектот и да се разговара за избор на комесари на Комисијата за превенција и заштита од дискриминација.
Оваа средба беше организирана во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија, имплементиран од страна на АДРР Сонце во партнерство со МРГ.

Средба со Заменик Народниот Правобранител

На 19.12.2019 година претставникот од Групата за малцински права Лондон (МРГ) и преставник од АДРР Сонце одржаа средба за застапување со Заменик Народниот Правобранител. Целта на средбата беше да се застапува за проблемите со кои се соочува ромската заедница, а кои се во поле на интерес на работата на Народниот правобранител. Воедно беше договорено заедничко доставување на претставки до меѓународните тела за човекови права.

Оваа средба беше организирана во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија, имплементиран од страна на АДРР Сонце во партнерство со МРГ.

Теренска посета со Правната клиника (мобилна клиника)

На 05.12.19 беше реализирана теренска посета со Правната клиника (мобилна клиника) во ромските населби во општините Кичево и Дебар, каде што студентите заедно со правникот од МРГ и медијаторите имаа прилика да разговараат директно со лицата кои се дискриминирани и жртви на прекршувања на човековите права. Оваа теренска посета се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.