Cредба за застапување со преставници од Општина Дебар

На средбата се разговараше за прашања кои ја засегаат ромската заедница утврдени при теренските посети во населбите во општина Дебар каде што живее заедницата и идентификувањете на неопходните чекори за справување со прашањата. На средбата присуствуваа претставници на Општина Дебар, медијаторите од ромската заедница кои работаат на терен, претставници на ромската заедница од соодветните месни заедници како и проектниот тим од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово.
Оваа средба се реализираше како дел од проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.