Avdive ulavgepes hajbnaskere thaj užipaskere paketoja ani gradinka 8-to April-dikhen Video..

Avdive ano pervazija (ramke) e proekteske ,,Bajrovipe o lejbe than thaj participacija e sikhlenge Roma đi ano kvalitetnikano anglal buvlaripe ano sađjandipe thaj fundavno educiribe” ulavgepes  arka baš 136 čhavore-Roma save lena than  anglal sikhlojbaski sikhlovni  ani Komuna Šuto Orizari.

E hajbnaskere thaj užipnaskere, (paklukoskere, higienska) paketoja ulavenapes ano buthi kheripe e komunensar Šuto Orizari, Tetovo thaj Gostivar.

O proekti tano ikherdo tar ,,Bajrovipe  edukacijake šajdipa tar sikhle  Roma thaj terne Roma tar Purab Balkani sar thaj o Khoranipe”, aso implementacija e proekteske tavdela prekal o vastalipe tar Edukativnikano Fondi tar Budimpešta.

Во рамките на проектот „Зголемување на пристапот и партиципацијата на учениците Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“ денес се дели помош за 136 деца Роми вклучени во предучилишно образование и ран детски развој во општина Шуто Оризари. Обезбедени се прехрамбени и хигиенски пакети и школски прибор за 136 децата кои се таргетирани со проектот.

Покрај пакетите со храна, хигиена и школски прибор, во текот на наредната недела ќе се доделат и 170 таблети за учениците Роми вклучени во прво, второ и трето одделение а се дел од програмата за туторска поддршка во рамките на проектот во општините Шуто Оризари, Тетово и Гостивар.

Целата помош е поделена во координација и со поддршка од општините, основните училишта и градинките во таргетираните општини. Овој проект е дел од програмата ,,Зголемени образовни можности за ученици Роми и млади Роми во земјите од Западен Балкан и Турција” (RARE) кој е имплементиран од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.

Dikhen o video.

Национална средба за застапување со Кабинетот на Министерот без Ресор

На 23 јануари 2020 година претставници на АДРР Сонце и Групата за малцински права од Лондон одржаа национална средба за застапување со претставници на Кабинетот на Министерот без Ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на статусот на Ромите во Република Северна Македонија, и тоа со Министерот Музафер Бајрам и советничката Сенада Ламовска. Како последна од низата средби за застапување со носители на одлуки, средбата имаше за цел споделување на резултатите и постигнувањата на проектот во текот на тригодишната имплементација. Покрај тоа, разгледана беше и можноста за натамошна идна соработка при подготовка на новата Стратегија за подобрување на статусот на Ромите. НВО АДРР Сонце зедно со Мрежата за застапување на правата на Ромите формирана во рамки на проектот може да даде свој придонес особено со усвоениот Акциски План на Мрежата во кој се опфатени сите клучни области (образование, домување, социјална заштита, здравствена заштита, вработување и дискриминацијата како интерсекциска област), со препораки за подобрување на состојбата на Ромите.

Оваа средба за застапување се реализираше како дел од компонентата за градење на капацитети и менторирање во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија, а имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.

Средба за застапување со Заменик Министерот за труд и социјална политика

На 15-ти јануари, претставникот на МРГ одржа состанок за застапување со Заменик Министерот за труд и социјална политика и специјалниот советник во Министерството за труд и социјална политика.
Целта на состанокот за застапување беше да се информира Заменик Министерот за труд и социјална политика за повеќето документирани случаи во периодот на проектот, да се дискутира за мотивирање на ромската заедница да пријавува случаи на дискриминација, да разговара за потенцијална соработка за застапување за формирање правни центри во општините каде се спроведува проектот и да се разговара за потенцијалната соработка за активности за подигнување на свеста кај ромската заедница во врска со новиот Закон за социјална заштита.

Оваа средба беше организирана во рамките на проектот  Од акција до еднакви права за Ромите, имплементиран од АДРР СОНЦЕ во партнерство со Група за малцински права, финансиран од Европска Унија.

 

Средба за застапување со директорот на Државниот просветен инспекторат при Министерство за образование и наука

На 25.10.2019 беше одржана средба за застапување со директорот на Државниот просветен инспекторат при Министерство за образование и наука. Целта на состанокот за застапување беше да се информира директорот на Просветниот инспекторат за документирани случаи на директна дискриминација врз учениците Роми во неколку основни училишта во општините во кои се спроведува проектот. Покрај тоа, преставниците од АДРР Сонце и МРГ сакаа да бидат информирани за активностите на Инспекторатот во врска со тековниот проблем со сегрегацијата на учениците Роми.
Оваа средба беше организирана во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија, имплементиран од страна на АДРР Сонце во партнерство со МРГ.

Средба за застапување со претставник на Сектор за еднакви можности при МТСП

На 23.12.2019 година претставникот од Групата за малцински права Лондон (МРГ) и претставник од АДРР Сонце одржаа средба за застапување со претставник на Сектор за еднакви можности. Целта на состанокот за застапување беше да се информира Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика за најдокументираните случаи во периодот на проектот, да се дискутира за мотивирање на ромската заедница да известува за случаи на дискриминација, воедно се разговараше за потенцијална соработка за формирање правни центри во општините каде што се спроведува проектот и да се разговара за избор на комесари на Комисијата за превенција и заштита од дискриминација.
Оваа средба беше организирана во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија, имплементиран од страна на АДРР Сонце во партнерство со МРГ.

Средба со Заменик Народниот Правобранител

На 19.12.2019 година претставникот од Групата за малцински права Лондон (МРГ) и преставник од АДРР Сонце одржаа средба за застапување со Заменик Народниот Правобранител. Целта на средбата беше да се застапува за проблемите со кои се соочува ромската заедница, а кои се во поле на интерес на работата на Народниот правобранител. Воедно беше договорено заедничко доставување на претставки до меѓународните тела за човекови права.

Оваа средба беше организирана во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија, имплементиран од страна на АДРР Сонце во партнерство со МРГ.

Теренска посета со Правната клиника (мобилна клиника)

На 05.12.19 беше реализирана теренска посета со Правната клиника (мобилна клиника) во ромските населби во општините Кичево и Дебар, каде што студентите заедно со правникот од МРГ и медијаторите имаа прилика да разговараат директно со лицата кои се дискриминирани и жртви на прекршувања на човековите права. Оваа теренска посета се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.

Трета Национална Тркалезна Маса

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово oрганизираше Национална тркалезна маса која се одржа на 03 декември 2019 година (вторник) во Хотел Мериот во Скопје. На присутните прво им се обрати Вирве Вимпари, Раководител на Оддел за оперативни работи 2 во Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија која говореше за напорите и средствата кои Европска Унија ги вложува за подобрување на статуст на Ромската заедница во РСМ. Воведно обраќање имаше и Музафер Бајрам, Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за унапредување на состојбата на Ромите во РСМ, за улогата што ја има Кабинетот на Министерот без ресор во насока на исполнување на стратешките определби согласно Стратегијата за Роми 2014- 2020 година, со цел да се овозможи подобрување и зајакнување на положбата на Ромите во државата. Извршниот директор на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце, Ферди Исмаили ги истакна дел од успесите кои организацијата ги има постигнато во последните години од своето долгогодишното постоење, насочени кон зајакнување и подобрување на статусот на Ромската заедница на национално ниво. Презентација на постигнувањата и резултатите на проектот имаа Маргита Стојановиќ, координатор на проект Од акција до еднакви права за Ромите при АДРР Сонце и Игор Јадровски, Правник во Групата за малцински права од Лондон.
Организациите членки на Мрежата за застапување на правата на Ромите ги презентираа специфичните проблеми на ромската заедница по клучни области и препораки кои се содржани во заедничкиот план на Мрежата и дискутираа со претставниците на државните институции за неопходните чекори кои треба да се преземат за справување со проблемите од клучните области: образование, вработување, здравство, домување, социјална заштита, како и меѓусекторските прашања: дискриминација, правна неписменост и родова нееднаквост. Во Мрежата за застапување на правата на Ромите членуваат околу 30 домашни организации и 10 ромски медијатори.

Овој настан се одржа во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите” финансиран од Европската Унија кој го реализираат Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Групата за малцински права од Лондон. Проектот има за цел да поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието во креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.