Јавен повик за ангажирање на определено време на (1) параправник

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Каритас Македонија и Здружение на граѓани за помош и поддршка на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци Љубезност- Скопје го реализира проектот “Take care” финансиран од Австриско Сојузно Министерство за социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачите. Проектот има за цел да придонесе за унапредени, функционални, ефективни и одржливи социјални и здравствени услуги за лица кои се во зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради пандемијата со Ковид- 19. Проектот има за цел да развие и испорача интегрирани социјални, правни и едукативни услуги на лица изложени на најголем ризик од сиромаштија, бездомници и социјално исклучени лица поради Ковид-19 пандемијата. За потребите на проектот Асоцијација за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ- Тетово објавува повик за ангажирање на (1) еден параправник.

Потребни квалификации:

  • Најмалку 2 годишно работно искуство во обезбедување на параправни услуги на крајни корисници
  • Длабинско познавање на проблемите на ромската заедница и други социјално ранливи групи граѓани
  • Посетени сет на обуки за зајакнување на знаења и вештини за параправна помош и поддршка на ранливи групи на граѓани
  • Основно познавање и користење на англиски јазик
  • Работно искуство во граѓанскиот сектор
  • Сензибилизираност за работа со ранливи и социјално исклучени групи на граѓани

Опис на работната позиција– параправник:

– реализира редовни теренски посети на лица кои се во зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради пандемијата со Ковид- 19во Тетово, Јегуновце и Теарце

– одредува критериуми за вклучување на клиенти во програмата, мапира потенцијални корисници согласно претходно утврдена методологија, прибира податоци, анализира и прави проценка

-обезбедува информации, подготвува различни пишани документи (формулари, обрасци, барање, жалба, приговор и сл.)  и едуцира за остварување на определено право од областа на здравствена заштита, вработување, домување и сл.

-дава параправни услуги, помош и поддршка на лица кои се во зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради пандемијата со Ковид- 19 како да постапат за остварување на определено право

-секојдневно соработува со релевантни јавни институции и придружува клиенти до институциите кога тоа е потребно

– препраќа клиенти за правна помош од повисоко ниво до соодветни институции или организации

-организира работилници за животни вештини со целната група

-одблиску соработува и разменува информации со останатите членови на проектниот и стручниот тим, учествува во внес на податоци во датотеката и во подготовка на анализа поврзана со дадените параправни услуги и опфатот на клиенти

-учествува во подготовка на извештаи за спроведените проектни активности и постигнати индикатори

Взаемите права и обврски помеѓу избраниот кандидат и АДРР СОНЦЕ ќе бидат уредени во согласност со Законот за работни односи и внатрешните акти на организацијата. Висината на месечниот надоместок за ангажманот изнесува 600 ЕУР бруто во кои се вклучени платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Ангажманот е предвиден за полно работно време односно 40 часа во текот на работна недела во траење од 17 месеци (01 август 2021- 31 декември 2022 година).

Начин и рок за пријавување:

Заинтересираните кандидати  треба да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик со наведени референци за претходно работно искуство и посетени обуки.

Апликациите се  испраќаат на следниот мејл: info@sonce.org.mk  најдоцна до 31.07. 2021  година до 16.00 часот со назнака во предмет на пораката: апликација за вработување на параправник.

Комисија за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе направи ранг листа според која најдобрите кандидати ќе бидат повикани на разговор. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид.