Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРГ) организираа Национална тркалезна маса “Заедничка акција за остварување на еднакви права на Ромите” која се одржа на 29 Ноември 2017 (среда) во Хотел Мериот во Скопје. Тркалезната маса имаше за цел презентација на приоритетни прашања по клучни области (дискриминација, образование, здравство, социјална заштита, домување и вработување) и препораки утврдени од Мрежата за застапување на Ромите, идентификување на неопходни чекори и креирање на заеднички акциски план за справување со прашањата од клучните области помеѓу мрежата и државните институции. На тркалезната маса беа поканети организациите членки на мрежата, претставници на државните институции од клучните области, претставник на канцеларијата на Народниот правобранител, експерти, медијатори и претставници на меѓународни институции. Проектот Од акција до еднакви права на Ромите е 3 годишен проект финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието во креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.

© 2016 SONCE by 3PIX MEDIA

Follow us: