Oглас – Практикант во Граѓански Сектор

Aсоцијација за Демократски Развој на Ромите (СОНЦЕ) со партнерите во склоп на проектот Вработување на млади Роми, финансиран од ЕУ преку ИПА ЧР објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

До млади квалификувани невработени Роми од Тетово

За практично учење за младите Роми во склоп на Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце

Сите заинтересирани млади лица од ромска национална припадност на возраст од 18 – 35 години од Тетово кои се заинтересирани да се стекнат со практични знаења и вештини како практиканти во склоп на граѓанскиот сектор за период од најмногу 2 месеци се повикуваат да земат учество во проектот преку испраќање на Барање (Апликација) до проектот.

Вкупниот број на практиканти кои ќе бидат поддржани во периодот од 15ти јуни 2017 до 14ти декември 2017 преку секоја од организациите кои се партнери во проектот се по 5 практиканти (односно 20 во сите локации).

FINALEN OGLAS ZA PRAKTIKANTI

1.1 ФОРМУЛАР ЗА Практиканти ЦЕА 26052017

© 2016 SONCE by 3PIX MEDIA

Follow us: