ПОВИК за ангажирање на локални тренери/ментори за невработени во работни клубови во склоп на организациите ЦЕА-Скопје, Сумнал-Битола, Светла Иднина-Кочани, Сонце-Тетово
Центарот за економски анализи ЦЕА и Сумнал, Светла Иднина, Сонце, го спроведуваат проектот “Вработување на млади Роми”, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси,Социјално вклучување на локално ниво, на Европската Унија. Проектот има за цел да го олесни вклучувањето на младите невработени Роми на пазарот на трудот. Оваа заедничка цел ќе се постигне преку: 1) зголемување на вештини и разбирање на вработеноста на младите 2) овозможување на пристап до унапредени вештини и практична обука 3) врамување на потребите во стратешките планови на локално ниво за социјално вклучување на пазарот на трудот на целната група. Со проектот се поддржува социјално вклучување на младите Роми од Скопје, Тетово, Кочани, од руралните средини преку зголемување на вештините за вработување, обука и поддршка за подобро користење на програми и ресурси за вработување, со што ќе се придонесе за економскиот и социјалниот развој на општините. Придобивките од проектот се од особено значење за младите и за бизнисите во целниот регион.

Повик за тренери Работен финален

© 2016 SONCE by 3PIX MEDIA

Follow us: