Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРГ) спроведуваат тригодишен проект Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија.  Проектот има за цел да поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието во креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.

Во рамките на истиот, организираа подготвителна средба на „Националната мрежа за застапување на Роми“ која се одржи од 15- 16 ноември 2017 (среда- четврток) во Хотел Романтик во Велес. Сонце и Групата за малцински права ќе организираат тркалезна маса на крајот на месец ноември 2017 помеѓу членките на мрежата и донесувачите на одлуки на локално и национално ниво. Со цел подготовка за тркалезната маса, Сонце и МРГ ја организираа оваа подготвителна средба на Мрежата од која ќе произлезе документ за застапување. Документот за застапување ќе послужи како основа за дискусијата на  тркалезната маса и застапување за правата на ромската заедница.

© 2016 SONCE by 3PIX MEDIA

Follow us: