Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во соработка со Групата за малцински права – Лондон (МРГ) објавува прв повик за доделување на грантови на граѓански организации (ГО) во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите”, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации 2015 (EuropeAid/151569/DD/ACT /MK).
Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на (4) четири локални граѓански организации кои ќе дизајнираат предлог проекти наменети за борба против различните форми на дискриминација со кои се соочува ромската заедница преку зголемување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и јавните власти преку:

-вклучување на претставници на ромската заедница во развојот на јавната политика или

-зајакнување на постоечките или развивање на повеќе институционализирани механизми за консултации меѓу заедницата и властите.

За сите информации во однос на содржината на предложените акции, расположливи средтсва, критериуми и начин на поднесување на пријави, може да прочитате во Повикот во прилог. Крајниот рок за доставување на пријавите е 31 јануари 2018 година најдоцна до 17.00 часот.

Повик за регрантирање- Проект Од акција до еднакви права на Ромите- АДРР Сонце

Прилог 1- Образец за пријавување

Прилог 2 Буџет – Проект Од акција до еднакви права на Ромите

Прилог 3- Информација за проектот Од акција до еднакви права на Ромите

© 2016 SONCE by 3PIX MEDIA

Follow us: