Во рамките на Проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ првата средба на „Националната мрежа за застапување на Роми“ се одржа во периодот од 28- 29 јуни 2017 во Скопје. Дводневниот настан имаше за цел поттикнување на соработка меѓу граѓанското општество и другите актери кои работат на полето на дикриминацијата врз Ромите. На средбата беа поканети да учествуваат организации за човекови права, Ромски организации, организации кои нудат правна помош, меѓународни организации/институции, омбудсман на РМ, релевантни советодавни тела и институции за човекови права и постоечки мрежи кои работата на полето на анти-дискриминација. На средбата имаше можност за дискусија на приоритети, идентификување на области на соработка и можности за изградба на синергија, воспоставуавње меѓусебна соработка, и развивање на заеднички иницијативи и стратегии за застапување на национално и меѓународно ниво за поефективна борба против дискриминацијата врз Ромите во земјата.

Info sheet za MK

Info sheet za MK

© 2016 SONCE by 3PIX MEDIA

Follow us: