Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во соработка со Групата за малцински права – Лондон (МРГ) објавува втор повик за доделување на грантови на граѓански организации (ГО) во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите”, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации 2015 (EuropeAid/151569/DD/ACT /MK). Една од проектните компоненти е партнерство во креирање на политики чија цел е зголемено знаење и свест од страна на локалните власти за различни прашања од областа на дискриминација со кои се соочува ромската заедница и потребата за инклузија на заедницата во донесувањето на одлуки која води до усвојување на ефективни партиципаторни механизми.

ЦЕЛ НА ПОВИКОТ

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на (5) пет локални граѓански организации кои ќе дизајнираат предлог проекти наменети за борба против различните форми на дискриминација со кои се соочува ромската заедница. Специфичнa цел на повикот е зголемување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и јавните власти преку:

-вклучување на претставници на ромската заедница во развој на јавната политика и

-зајакнување на постоечките или развивање на други институционализирани механизми за консултации меѓу ромската заедница и властите.

Дополнително, сите детали во однос на содржината на предложените акции, критериумите, потребни документи и сл. може да ги прочитате во повикот за доделување на мали грантови.

ВТОР повик за доделување на мали грантови

Прилог 1- Образец за предлог- проект

Прилог 2- Образец за предлог буџет

Прилог 3- Изјава

Прилог 4- Информација за проектот Од акција до еднакви права на Ромите

 

© 2016 SONCE by 3PIX MEDIA

Follow us: