Јавен повик за ангажирање на Асистент за односи со јавност

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРГ) го реализираат проектот “Од акција до еднакви права на Ромите” финансиран од Европската Унија.  Проектот се спроведува во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија Поддршка за граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации 2015 (EuropeAid/151569/DD/ACT /MK). Проектот има за цел да поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието во креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.

Во рамки на проектот, Асоцијација за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ- Тетово објавува повик за ангажирање на асистент за комуникациски активности/односи со јавност.