Јавен повик за ангажирање на експерт за испорака на подготвителна средба

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРЏ) го реализираат проектот “Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија.  Проектот се спроведува во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија Поддршка за граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации 2015 (EuropeAid/151569/DD/ACT /MK).

Една од компонентите во рамки на проектот е застапување кон органите на власт преку воспоставената Мрежа за застапување на Ромите. Целта на мрежата е преку поголема соработка и здружување на напорите на сите релевантни општествени чинители за човекови права да се зголеми влијанието во спроведување на кампањи и застапувањето како и во адресирањето на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница. Во мрежата членуваат граѓански организации кои работат во  областа на човековите права, дискриминација, бесплатна правна помош, застапување, ромски прашања или малцински права, правни експерти, меѓународни организации и институцијата Народен правобранител. Мрежата реализираше трета годишна средба во месец јули 2019 година на кога се  дискутираше годишниот план за застапување на мрежата. Со цел апдејтирање на планот за застапување и дефинирање на излезна стратегија на Мрежата, Сонце и МРЏ организираат подготвителна средба на Мрежата од која треба да произлезе апдејтиран план за застапување и излезна стратегија. Излезната стратегија би содржела начин на кој би функционирала мрежата после завршувањето на проектот, аплицирање за заеднички грантови, активности за реализација без финансиска импликација.

Ве молиме испратете ваша кратка биографија, писмо на интерес и референтна листа на претходно искуство во фацилитирање на настани и/или подготовка на слични документи до Оливера Стојковска, проектен асистент  на следната е-маил адреса: o.stojkovska@sonce.org.mк најдоцна до  01 октомври 2019 година.