Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за испорака на подготвителна средба и апдејтиран план за застапување

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце и Меѓународната група за малцински права (MRG) во рамки на тригодишниот проект “Од акција до еднакви права за Ромите” финансиран од Европска Унија, имаат потреба од експерт/ка за испорака на дводневна подготвителна средба и апдејтиран план за застапување.
Сонце и МРГ организираат подготвителна средба на Мрежата од која треба да произлезе апдејтиран годишен план за застапување, вклучување на нови ставки во планот за застапување, најнови информации за измени во законската рамка поврзана со шесте области содржани во планот, различни алатки за застапување и фолоу- ап стратегија. Учесници на подготвителната средба ќе бидат членките на Мрежата за застапување на Ромите. Подготвителната средба ќе се одржи во месец октомври 2018 додека документот за застапување ќе биде подготвен најдоцна десет дена после одржаната средба.
Детални информации за потребни квалификации, работни задачи и одговорности може да најдете во приложениот повик.
Заинтересираните кандидати да ги достават своите апликации- кратка биографија, писмо на интерес и референтна листа на претходно искуство во фацилитирање на настани и/или подготовка на слични документи до Оливера Стојковска, проектен асистент на следната е-маил адреса: o.stojkovska@sonce.org.mк најдоцна до 01 октомври 2018 година.