Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за испорака на (2) две партнерски средби

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце и Меѓународната група за малцински права (MRG) во рамки на тригодишниот проект “Од акција до еднакви права за Ромите” финансиран од Европска Унија, имаат потреба од експерт/ка за испорака на (2) две партнерски средби.
Сонце и МРГ организираат партнерски средби помеѓу акциските групи на заедницата,локалните власти, ромскиот граѓански сектор и медијаторите Роми во текот на тригодишниот период на имплементација. Целта на овие средби е зајакнување на капацитети на стејкхолдерите на локално ниво, поттикнување на заедничка соработка, развивање на нови или подобрување на постоечките иницијативи за учество во креирање на политики преку размена на идеи за најдобри практики, дискутирање на можности за подобрување, вклучително и развој на поинституционализирани тела за заеднично одлучување. Партнерските средби во третата година од имплементација ќе ги опфатат следните теми: преглед на поставени приоритети за 2019, преглед на реализирани приоритети, дизајнирање на заедничка акција со финансиска поддршка од општината и други содржини кои ќе се развијат во соработка со експертот.
Детални информации за потребни квалификации, работни задачи и одговорности може да најдете во приложениот повик.
Заинтересираните кандидати да ги достават своите апликации- кратка биографија, писмо на интерес и референтна листа на претходно искуство до Оливера Стојковска, проектен асистент на следната е-маил адреса: o.stojkovska@sonce.org.mk најдоцна до 03 мај 2019 година.