Јавен повик за ангажирање на тренери во рамките на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“

Здружението за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“ – Скопје во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово за потребите на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование“, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.07/2018

За краткорочен ангажман на определено време на 3 (три ) лица за следната позиција:

  • 1 (едно ) лице Тренер за активности со родители за општина Шуто Оризари;
  • 1 (едно ) лице Тренер за активности со родители за општина Тетово;
  • 1 (едно) лице Тренер за активности со родители за општина Гостивар.