Дел од статијата за Виртуелните Советодавни Центри на Мила Георгиевска, правна практикантка на Групата за малцински права- Лондон на проектот Од акција до еднакви права на Ромите

Мила Георгиевска, во време на пишување на статијата беше правна практикантка во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите. Практикантство го спроведуваше во канцеларијата на Групата за малцински права Лондон, проектниот партнер на АДРР СОНЦЕ. Статијата беше фокусирана на Виртуелните советодавни центри кои се основани во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите и кои се опишани како алатка за заштита на правата на Ромите во Македонија.

“Обучените медијатори во рамки на проектот секоја недела преземат теренски посети во шесте целни оштини: Тетово, Кичево, Дебар, Берово, Виница и Штип при што се документираат случаи на дискриминација и поплаки од ромската заедница. После документирање на случаите, правникот на МРЏ избира конкретни случаи за можни прекршувања на права при што лицата кои се жртви на овие прекршувања се упатуваат кон ВСЦ (виртуелни советодавни центри) за бесплатна правна помош. Значи, целта на ВСЦ е да им даде правни совети и мерки за превземање на жртвите кои се оштетени.

Документираните случаи покажуваат постојана дискриминација и прекршување на основните човекови права. Случаите се повеќе од природа на: имотно-правни спорови, лица без документи, вознемирување на работното место и интеракција со полициски сили. Еден од случаите документиран од медијаторите е случајот на едно постаро лице од ромската заедница од Кичево кој имал болки во пределот на градите и побарал амбулантна кола да дојде да го земе во неговиот дом. Човекот иако се јавил неколку пати, амбулантната кола не се појавила. Како последица, болниот човек бил однесен во одделот за кардиологија во клиниката во Скопје од неговиот син. Друг  документиран случај е вознемирување на работно место, односно вработен кои бил повреден бил отпуштен од работа и бил нападнат физички и вербално. Другите документирани случаи фрлаат светло врз лошите услови во кои живеат Ромите односно немаат вода, електрична енергија или се собира отпад на местата каде што живеат и населените места се со супстандардна инфраструктура. Така, овие случаи ја покажуваат зголемената потреба за застапување со цел да се влијае на националната политика.

Правниот совет во ВСЦ е обезбеден од надворешен соработник кој се обидува да ги посоветува клиентите за овие прашања, нудејќи им да ги пријават до релевантните тела  за човекови права. Освен тоа, надворешниот соработник им укажува на лицата на неопходните чекори за надомест на штета или жалба на државните одлуки кои влијаат на Ромите. На пример, адвокатот му понуди на човекот со случај на брза помош можност да го пријави својот случај, анонимно, до лекарската комора. Покрај тоа, ромските индивидуи честопати се соочуваат со тешкотии при интеракција со државните органи (со оглед на сложените процедури), така што ВСЦ се обидуваат да обезбедат јасност во различни процедури и да ги наведат неопходните чекори што поединецот мора да ги преземе за да иницира административен процес. Со оваа работа, ВСЦ служат како филтер за случаи кои имаат потенцијал да бидат пријавени во Комисијата за заштита и спречување од дискриминација и канцеларијата на Народниот правобранител. На пример, неодамна беше пријавен случај за преглед до Народниот правобранител, каде беше откриен случај на злоупотреба на маж од ромската заедница во психијатриска болница, така што ВСЦ им овозможија на партнерите на проектот да соберат дополнителни информации од мажот и неговото семејство, кои би биле неопходни.

Добро е да се види дека проектот Од акција до еднакви права на Ромите и големата посветеност на нашите соработници во Сонце значително ја подобри егзистенцијата и благосостојбата на многу ромски индивидуи.”

Преземено од оргиналниот текст на Мила Георгиевска кој може да го најдете на следниот линк:

https://minorityrights.org/2019/05/30/virtual-advice-centers-a-tool-to-safeguard-roma-rights-in-macedonia/