Координативен состанок на иницијатива РОМАКТЕД и МТСП

На ден 25 Октомври. во просториите на Министерството за труд и социјална политика, на иницијтива на РОМАКТЕД програмата и поддршка на Министерството за труд и социјална политика се организираше координативен состанок со преставници од национални институции, меѓународни организации, фондации и здружение на граѓани.

Целта на средбата беше да се воспостави координација на ативностите кои се насочени на локално ниво и промовираат подобрување на животниот стандарт на Ромите во Република Македонија.

Сите засегнати страни треба во РОМАКТЕД структурите  да гледаат како потенцијален ресурс кои ќе имаат задача да го стават ромското прашање на локално ниво.