Национална средба за застапување со Кабинетот на Министерот без Ресор

На 23 јануари 2020 година претставници на АДРР Сонце и Групата за малцински права од Лондон одржаа национална средба за застапување со претставници на Кабинетот на Министерот без Ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на статусот на Ромите во Република Северна Македонија, и тоа со Министерот Музафер Бајрам и советничката Сенада Ламовска. Како последна од низата средби за застапување со носители на одлуки, средбата имаше за цел споделување на резултатите и постигнувањата на проектот во текот на тригодишната имплементација. Покрај тоа, разгледана беше и можноста за натамошна идна соработка при подготовка на новата Стратегија за подобрување на статусот на Ромите. НВО АДРР Сонце зедно со Мрежата за застапување на правата на Ромите формирана во рамки на проектот може да даде свој придонес особено со усвоениот Акциски План на Мрежата во кој се опфатени сите клучни области (образование, домување, социјална заштита, здравствена заштита, вработување и дискриминацијата како интерсекциска област), со препораки за подобрување на состојбата на Ромите.

Оваа средба за застапување се реализираше како дел од компонентата за градење на капацитети и менторирање во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија, а имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.