Одржани годишни партнерски средби во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите

Во рамки на проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија беа организирани две годишни партнерски средби помеѓу членови на Акциските групи на заедницата, претставници на единиците на локалната самоуправа, претставници на ромскиот граѓански сектор и медијаторите Роми од шесте целни општини на проектот. Годишната партнерска средба за преставниците од општините Виница, Берово и Штип беше одржана на 21-ви мај во хотел Манастир во Берово, додека  годишната партнерска средба за претставници од општините Тетово, Дебар и Кичево беше одржана на 22-ри мај во хотел Радика во Маврово.

На партнерските средби се направи преглед на поставени и реализирани приоритети за 2019, претставување на претходно дефинираните приоритети и статус на реализација на истите (предизвици и бариери при имплементацијата), споделување на позитивни практики од терен и предлози на можни начини за решавање на одредени приоритети, изработка на план за имплементација на најмалку еден од приоритетите до крајот на 2019 години и на крајот од средбите следеа заклучоци од партнерските средби и евалуација на настаните од страна на учесниците.

Целта на овие средби е зајакнување на капацитети, поттикнување на заедничка соработка, подобрување на постоечките иницијативи за учество во креирање на политики преку размена на идеи за најдобри практики, дискутирање на можности за подобрување, вклучително и развој на поинституционализирани тела за заеднично одлучување помеѓу акциските групи на заедницата, локалните власти, ромскиот граѓански сектор и медијаторите Роми.

АДРР Сонце- Тетово во партнерство со Групата за малцински права – Лондон (МРЏ) го спроведуваат проектот Од акција до еднакви права за Ромите финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието во креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.