Отворено писмо за поддршка на застапувањето на АДРР СОНЦЕ

На 27 Септември гостуваше Преседателот на Владата г-дин Зоран Заев во Општина Тетово, Извршниот директор на АДРР СОНЦЕ Тетово – Г-дин Ферди Исмаили му врачи граѓанска иницијатива со потписи од 52 семејства од Општина Велес, и 317 семејства од Општина Струмица. Самата граѓанска иницијатива е продукт на интрвенциите на РОМАКТЕД програмта во Република Македонија.
Исто така како дел од проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ финансиран од ЕУ, носител АДРР СОНЦЕ во партнерство со Групата за Малцински прашања од Лондон, лично беше споделен документот за јавна политика ( policy brief)  изработен од мрежата за застапување во кои членуваат 30 домашни / меѓународни организации, фондации и 12 локални медијатори.

Двете иницијативи дополнително се писмено пратени до следните институции :

Министерство за труд и социјална политика
Агенција за Млади и спорт
Градоначалници на Општина Велес и Струмица
Министерство за транспорт и врски и
Министер без ресор г-Аксел Ахмедовски

На ден 19ти Октомври FUEN како една од најсилните организации кои ги застапува правата на малцинствата во Европа, упати отворено писмо до Премиерот и сите национални и локални институции во Република Македонија.
Писмото беше упатено во насока на поддршка на АДРР СОНЦЕ како членка на FUEN во однос на започнатиот процес за застапување на колективните интереси на Ромите во Република Македонија.20181019_Open letter – FUEN

АДРР СОНЦЕ ќе продолжи и понатаму да ги застапува колективните интереси на Ромите во Република Македонија. Во самиот процес очекува поддршка и од ромските лидери носители на јавни фукнции како и претставници Роми во меѓународни организации и фондации.