На ден 28јуни 2018 година во хотел Манастир во Берово се одржа партнерска средба помеѓу членови на акциските групи на заедницата, претставници на локалните власти, претставници на ромскиот граѓански сектор и медијатори Роми од општините Виница, Берово и Штип.
На средбата се дискутираше за локалните јавните политики во општините Виница, Берово и Штип, состојбите во однос на спроведувањето на локалниот акциски план во соодветните општини, практики, искуства и предлози, акциските групи на заедницата како главен партнер во дијалогот со локалните авторитети и главен консултативен механизам во адресирањето и решавањето на проблемите на Ромите на локално ниво, нивото на партиципацијата на акциските групи на заедницата, ромскиот граѓански сектор, медијатори Роми и целовкупната ромска заедница во процесот на донесување на одлуки и дефинирање на приоритети за решавање во 2018/2019 година.