Подготвителна средба на Мрежата за застапување на Ромите

На 24.10 се одржа Подготвителна средба на Мрежата за застапување на Ромите во хотел Романтик, Велес.
Во текот на првиот работен ден, како активност се реализираше ажурирањето и дополнувањето на планот за застапување за употребување на политиките за намалување на дискриминацијата на Ромите. Во тек на вториот (25.10) работен ден на Подготвителна средба на Мрежата за застапување на Ромите, се правеше проценка на релевантноста на соработката на регионално ниво меѓу мрежите и во национално ниво меѓу мрежите и институциите за подршка на мрежи. Исто така се правеше проценка на главните активности на Мрежата и како резултат беше изготвена драфт верзија на излезната стратегија на Мрежата за застапување на правата на Ромите.
Оваа подготвителна средба на Мрежата за застапување се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите, финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права-Лондон.