Прва еколошка акција во старото нервно одделение на Општина Штип и ромската заедница во рамки на програмата РОМАКТЕД од Советот на Европа

На заедничката работна средба што се одржа на 27.06.2018 година со почеток во 13 часот во Општина Штип учествуваа претставници од Ромската Акциона група од Општина Штип, претставници од Општинската работна група на Општина Штип  и лица задолжени за спроведување на РОМАКТЕД програмата од Советот на Европа.

Еден од заедничките заклучоци од состанокот беше кревање на свеста на ромската заедница за заштита на животната средина и организирање еколошки акции во ромските населби, како и поставување на контејнери во заедницата во соработка со општинската работна група и ромската акционата група на Општина Штип. И за проблемите со хигиената и дивите депонии во ромските населби и немањето на контејнери во ромските населби беше истакнато дека има иницијатива од Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион 2011“ да се започне со поставување контејнери во ромските населби и на тој начин постепено да се подобри сликата во ромските маала и да се подобри хигиената во ромската заедница во Општина Штип.

На ден 07.07.2018 година со почеток во 07:00 часот наутро се реализираше првата еколошка акција за расчистување на дивата депонија заедно со ромската акциона група и претставниците на Општина Штип за подобрување на хигиената во старото нервно одделение, каде се згрижени повеќе од 35 ромски семејства и се поставени контејнери на повеќе места во ромските населби на улицата „Косовска“ и местото викано Света Недела.