Прес-конференција: Итно донесување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација – Press conference: Urgent adoption of the new Law on Prevention and Protection against Discrimination

Денешнатата прес конференција организирана и подржана од страна на 100 граѓански организации го имаше зацел предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието. Ова е првиот чекор на организациите да ја искажат итноста на донесувањето на овој закон и важноста на истиот за граѓаните кои се најчести жртви на дискриминацијата.

Граѓанските организации се изјаснија дека на почетоците на подготвувањето на законот им било ветено подршка од некои пратеници дека истиот ќе биде донесен во најкраток можен рок, а сега истите пратеници ја одолговлекуваат постапката. Новиот предлог-закон предвидува професионализација на Комисијата за заштита од дискриминација, построги критериуми за избор на комисионерите, јавно спроведен избор на комисионери, пократки рокови на постапката за заштита од дискриминација, јакнење на независноста на ова тело и зголемување на надлежностите. Со законот се предвидува и ослободување од плаќање на трошоци за судски такси за граѓаните коишто ќе поведат постапка за дискриминација и се овозможува тужба за заштита од јавен интерес (actio popularis). Во предлог-законот се додадоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, а се проширија и доуредија облиците на дискриминација – имено, експлицитно се препозна сегрегацијата како облик на дискриминација, што е од исклучително значење на Ромите и луѓето со попреченост. Одолговлекувањето на донесувањето на овој закон го загрозува и процесот на интегрирање во Европска Унија, затоа што едно од барањата на Европската Комисија беше промена на овој закон за да биде хармонизиран со европското законодавство. И други меќународни институции изјавуват дека донесувањето на овој закон е клучно за да се добијат позитивни пофалби за Северна Македонија.

Граѓанските организации исто така изјавија дека ова е првиот чекор на организациите и дека доколку не се превземаат постапки од Собранието ќе бидат превземени и други постапки додека не се донесе законот.

Како претставник на Мрежата за застапување на правата на Ромите зборуваше Алмира Реџепи Усеини, која изјави дека:

“Како претставник на Мрежата за застапување правата на Ромската заедница на АДРР Сонце, член на Здружението на правници Роми, но особено како претставник на ромската заедница, чувствувам одговорност да повикам на донесување на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој несомнено ќе воспостави силни законски гаранции во случај на дискриминација и обезбедување на жртвите да бараат ефикасен правен лек, особено ромската заедница, којаисториски  трпи, системска, скриена, директна и повторена дискриминација во сите области на живеење во Република Македонија. Етничките заедници, но особено Ромската заедница е дискриминирана во пристапот до добра и услуги (ресторани, кафулиња, базени и друго), дискриминирана е во областа на вработувањето, трпи говор на омраза и криминал од омраза, а да не почнеме да зборуваме и за тие над 45 % од децата Роми во Македонија кои се запишани да учат во училишта за деца со посебни потреби, факти кои ги потврдуваат извештаите на НР, КЗД и ЕКРИ.

Жените, особено жената Ромка е сеуште на маргините на нашето општество и има отежнат пристап до здравствени услуги, вработување, а да не зборуваме за вклучување во политиката и носењето одлуки. Ромската заедница е сеуште најдискриминираната и една од најмаргинализираната заедница во Македонија, но досегашниот закон, се докажа дека дополнително ја ограничува оваа заедница и други етнички заедници во Македонија во покренувањето на постапки, се зголеми виктимизацијата и се намали храброста кај овие граѓани да се борат за своите права.

Мрежата за застапување на правата на Ромите во Македонија верува дека новиот предлог Закон ќе придонесе кон ефективна реализација на правата на ромската заедница, зголемена храбост за покренување постапки и со тоа намалување на дискриминацијата во Македонија.”

Today’s press conference, organized and supported by 100 civil society organizations, had in aim the draft law on prevention and protection against discrimination that has been stuck in the Parliament for 8 months. This is the first step of the organizations to express the urgency of passing this law and its importance to citizens who are the most frequent victims of discrimination.

Civil society organizations stated that at the beginning of the drafting of the law they were promised support from some MPs that it would be adopted as soon as possible, and now the same MPs are delaying the procedure. The new draft law envisages the professionalization of the Commission for Protection against Discrimination, stricter criteria for selecting commissioners, public selection of commissioners, shorter deadlines for the procedure for protection against discrimination, strengthening the independence of this body and increasing the competencies. The law also envisages exemption from paying the court fees for citizens who will initiate a procedure for discrimination and provides a lawsuit for protection of public interest (actio popularis). Sexual orientation and gender identity as grounds for discrimination were added to the draft law, and the forms of discrimination were expanded and improved – namely, segregation as a form of discrimination was explicitly recognized, which is extremely important for Roma and people with disabilities. The prolongation of the adoption of this law also threatens the process of integration into the European Union, because one of the requirements of the European Commission was to change this law in order to be harmonized with the European legislation. Other international institutions claim that the adoption of this law is crucial in order to gain positive praise for Northern Macedonia.

CSOs also said that this is the first step of the organizations and that if no procedures are taken from the Assembly, other activities will be taken until the law is adopted.

The representative of Roma Advocacy Network Almira Redzepi Useini said that:

“As a representative of the Roma Advocacy Network of ADDR Sonce, a member of the Roma Lawyers Association, but especially as a representative of the Roma community, I feel responsible to call for the adoption of a new draft Law on Prevention and Protection against Discrimination, which will undoubtedly establish strong legal guarantees in case of discrimination and providing victims with an effective remedy, especially the Roma community, which historically tolerates systemic, hidden, direct and repeated discrimination in all areas living in the Republic of Macedonia. Ethnic communities, but especially the Roma community is discriminated against in access to goods and services (restaurants, cafes, swimming pools, etc.), it is discriminated against in the field of employment, it suffers from hate speech and hate crime, and let’s not start talking about the 45% of Roma children in Macedonia who are enrolled in schools for children with special needs, facts that are confirmed by the reports of HP, CPD, and ECRI.

Women, especially Roma women, are still on the margins of our society and have difficult access to health services, employment, not to mention politics and decision-making. The Roma community is still the most disadvantaged and one of the most marginalized communities in Macedonia, but the law so far proved to further limit this community and other ethnic communities in Macedonia in initiating proceedings, increase victimization and reduce the courage among these citizens to fight for their rights.

The Roma Advocacy Network in Macedonia believes that the new draft law will contribute to the effective realization of the rights of the Roma community, increased boldness for initiating procedures and thereby reducing discrimination in Macedonia.“