Работен состанок за формирање на Национална мрежа за застапување на интересите на повратници

На 22.03.2019 година во просториите на ГИЗ во Скопје се одржа вториот работен состанок за формирање на Национална мрежа за застапување на интересите на повратници со цел дефинирање на областите и приоритетите на Мрежата, дефинирање на стратешките цели, називот и потенцијалните членови на Мрежата. Во текот на средбата за Националната мрежата за повратници се даваа инпути за работата со повратници од страна на преставниците на 3-те НВО (членови) кои се иницијатори и носечки организации во процесот на креирањето на Националната мрежа за повратници. Како идни активности се поставија:

  • Запознавање на новите членови со работата на Националната мрежа за повратници, која ќе биде нивната улога и давање на свој инпут во целите и активностите на Мрежата.
  • Договарање на критериуми за тие кои дополнително ќе сакаат да станат членови во Мрежата.
  • Поставување на краткорочни, среднорочни и долгорочни цели за работа и план како да се остварат истите.

Како приоритетни цели на оваа мрежа би биле:

  • Споделување на информации за конкретни случаи на повратници (на Локално и Национално ниво) -моментален фокус-повратници од Германија.
  • Воспоставување на механизам за комуникација со соодветни институции и организации од земјите од кои се враќаат повратниците (Германија).
  • Фасилитирање на реинтеграција на конкретни случаи на повратници (на локално ниво).
  • Покренување на свеста за темата.
  • Застапување и лобирање на темата.
  • Зајакнување на капацитетите на членовите на мрежата на темата.