Работилница за НВОи носители на мали грантови од третиот повик

На 06.03.2019 година во просториите на ресторан Bella Mia во Тетово беше одржана работилница со НВОи кои се носители на мали грантови од третиот повик за доделување на мали грантови. Целот на ова работилница беше да се направат презентации за преставниците на НВОи-те кои се носители на мали грантови, Здружение на Роми “АВЕНА“, Хуманитарно и Добротворно здружение на Ромите “Месечина Дебар“, Ромски културен и едукативен центар Тернипе и Хуманитарно и добротворно здружение на ромската интелигенција – Англунипе. Финансискиот раководител на проектот во својата презентација ги објасни административните аспекти при спроведување на проектите, како што се регистрација во СЕП, финансиска евиденција на трошоците, финанските извештаи и друго. Проектниот асистент Оливера Стојковска зборуваше за програмските аспекти кои треба да се имаат во предвид при спроведување на проектите. Главни цели на кои треба да се обрати внимание се: временската рамка и дефинирањето на термините на активностите, организирањето на настани и известување по активностите, наративно известување, мониторинг и тн. Проектниот координатор Маргита Стојанковиќ зборуваше на тоа дека при секоја активност треба да се обезбеди видливост на проектните активности како што би биле: комуникација со јавнста, видливоста на ЕУ подршката, видливоста на постигнатите резултати и импактот. Сите презентации беа проследени со една многу плодна дискусија и прашања од страна на преставниците и проектните координатори.