Работна средба со г-дин Сејдин Абази, раководителот на Сектор за комунални дејности, инфаструктура, собраќај и енергетска ефикасност во Општина Кичево

Претставниците на АДРР Сонце и медијаторот од ромската заедница на 29 јули одржаа работна средба со г-дин Сејдин Абази, раководител на Сектор за комунални дејности, инфаструктура, собраќај и енергетска ефикасност во Општина Кичево. На средбата се разговараа повеќе потреби и предизвици идентификувани при теренските посети во заедницата од страна на медијаторот и реалните можности на Општината да одговори на тие предизвици.
Оваа средба за застапување се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.