Работна средба со преставници од програмата за Здравствена заштита/Параправна помош од Њујорк и преставници од Фондација за Отворено Општество

На 24 јули во просториите на АДРР Сонце беа пречекани преставници од програмата за Здравствена заштита/Параправна помош од Њујорк заедно со преставници од Фондација за Отворено Општество. За време на состанокот параправниците на проектот го опишаа нивниот работен ден и споделија позитивни примери и приказни од нивните работни денови, какви се најчестите проблеми со кои тие се сочуваат и како со нивна помош и интервенција проблемите се решаваат. Извршниот директор Ферди Исмаили ја објасни работата на организацијата и сподели информации како вработените во Сонце прават синергија на проекти и имаат добра соработка во споделување на информации за решавање на проблеми со кои параправниците се соочуваат на терен од областа на здравството, образованието, социјалната заштита и други проблеми кои влијаат на заедницата.