Работна средба со претставници на Општина Дебар

Претставниците на АДРР Сонце и медијаторот од ромската заедница на 31 јули одржаа работна средба со г-дин Башким Машкули претседател на Советот на Општина Дебар и г-дин Газменд Цами раководител на гео-инжињеринг во Општина Дебар. На средбата се разговараа повеќе потреби и предизвици идентификувани при теренските посети во заедницата од страна на медијаторот и реалните можности на Општината да одговори на тие прашања.
Оваа средба за застапување се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.