Ромите во Република Македонија: Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита

21 Ноември 2018  се објавува нова студија за реалностите со кои се соочуваат Ромите во Македонија издадена од Меѓународната Група за Малцински Права (МРГ) и Асоцијацијата за демократски развој на Ромите СОНЦЕ.

12 ромски медијатори лоцирани во 6 општини интервјуираа стотици Роми со цел да соберат нови информации и да добијат целосна слика за нееднаквостите, инситуционалната дискриминација и социјалните предрасуди со кои се соочува ромската популација во Македонија. Резултатите на ова истражување се собрани и прикажани во брифигот: “Ромите во Република Македонија: предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита”.

‘Целта на објавувањето на овој извештај е да се привлече вниманието на државните и локалните институции кон предрасудите и стигмата со која Ромите и понатаму се соочуваат во нивниот секојдневен живот и покрај постоењето на соодветно законодавство со кое се забранува дискриминација – вели Ферди Исмаили, извршен директор на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите СОНЦЕ. “Таа е заснована на наоди од медијатори кои се запознаени со  проблемите со кои се соочуваат Ромите преку директни посети на ромската заедница во шест општини”.

Медијаторите ги имаат собрано најсериозните примери од социјалната ексклузија во Македонија, започнувајки од ризикот од бездржавјанство до причините поврзани со значително понискиот просечен животен век кај Ромите (68 години) во споредба со просекот на националното население (73.5 години). Други проблеми откриени од резултатите собрани од медијаторите вклучуваат дискриминација при пристап до услуги, на пример забрана на ромските деца до пристап на базени и исклучувањето на Ромите од рестораните, кафулињата и хотелите.

Брифингот, објавен на англиски, македонски, албански и ромски јазик, е издадед преку соработката на МРГ и СОНЦЕ. Истиот дава бројни препораки до македонската влада и локалните самоуправи. Брифингот се фокусира на три клучни области во кои Ромите и понатаму се соочуваат со дискриминација: образование, домување и здравство.

Образование: многу ромски деца посетуваат сегрегирани часови, или тие се физички одделени од нивните не-ромски врсници; според истражувањето овој феномен се чини дека е во пораст. Сиромаштијата е уште една пречка за образованието на Ромите: многу ромски родители немаат доволно пари за да купат нови облеки, обувки и потребни училишни материјали за нивните деца. А за најсиромашните ромски домаќинства, кои немаат пристап до питка вода, дискриминацијата и говорот на омраза се доволна причина за некои родителите да одлучат да не ги испратат нивните деца во училипте со цел да ги заштитат од малтретирање.

Домување: многу ромски фамилии живеат во куќи со помалку од 5 квадратни метри по лице; околу 80,000 ромски домаќинства немаат долгорочни решенија за домување.

Здравство: Ромките често живеат во оддалечени населби без пристап  до јавен транспорт; тие не се доволно информирани и се редовно дискриминирани од страна на медицинскиот персонал. Поради тоа, многу од нив не ги посетуваат своите регистрирани гинеколози за време на бременоста и во некои случаи тие се породуваат во нивните домови.

‘Кога работев на брифингот, сфатив дека сите тие области се меѓусебно поврзани и покрај напорите на владата да ја подобрат ситуацијата, Ромите сé уште се соочуваат со дискриминација в о абсолутно секој дел од својот живот ‘ вели Андреа Спиталски, авторот на брифингот и правникот на “Од акција до еднакви права на Ромите’. Работата на ромските  медијатори е многу важна за да се подигне свеста за овие проблеми. Македонската влада, граѓанското општество и ромските активисти мора да се здружат за да ги избришат вкоренетите социјални неправди со кои Ромите се соочуваат.”

Во брифингот се истакнува длабоко загрижувачкиот пример на релоцирана група на Роми, која по поплава мораа да се населат во зграда која била поранешна болница. Тие беа принудени да спијат на подот, без контејнери за ѓубре што доведе до насобрано ѓубре во дворот, како резултат на тоа, голем број деца биле заразени со болести. Без електрична енергија или вода за пиење, децата не можеа да се исчистат и престанаа да посетуваат училиште. Локалните власти ветија дека ќе најдат решение, но досега не се заземени никакви мерки.

Извештајот вклучува голем број препораки. Подолу се дадени неколку примери од текстот:

*Да се процени бројот на ромските деца во околината на секое училиште и да се обезбеди нивна еднаква распределба со не-ромските деца;

*Преглед на наставните материјали и наставните програми за да се осигура дека негативните стереотипи не се вклучени. Доколку е потребно, да се произведат нови материјали кои промовираат еднаков третман;

* Да се забрзаат процедурите за легализација на дивоградбите што ги заземаат Ромите; и

*Зголемување на бројот на здравствени медијатори во општините каде што има висока густина на Ромите, со повеќе ресурси за поддршка на нивната работа.

Извештајот “Ромите во Република Македонија: предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита” ќе биде објавен онлајн на 21ви Ноември во 18:00 часот.

Исто така ќе има настан во Скопје, Македонија, во Хотел Мериот на 21ви Ноември во 11:00 часот.