Средба за застапување со преставници од Општина Берово

Проектниот координатор на АДРР Сонце и медијаторот од ромската заедница на 27.09.2019 година одржаа работна средба со претставници од Општина Берово. На оваа средба медијаторот даде препорака дека треба да се фокусира на зајакнување на жената ромка, притоа направи еден мал осврт од тоа што се реализирало од последната средба до денеска. Најголем дел од планираните активности веќе беа реализирани – осветлување на улиците во ромските населби, инфраструктурни проекти за реконструкција на улиците што беше планирано да се реконструираат во општинскиот буџет, со што ќе се овозможи засолниште на бездомната мајка со четири деца. Потоа, таа ги претстави следниве прашања што треба да се дискутираат: грижа за стари лица дома, отсуство на квалификувани лица од ромската заедница да влезат на пазарот на трудот, Ромите не се конкурентни на пазарот на трудот и активните мерки за вработување не се соодветни за Ромите. Таа разговараше со градоначалникот за важноста на изготвувањето на новиот локален акционен план 2020 година што ќе го донесе Советот на општината бидејќи тоа ќе биде основа за аплицирање за идните проекти. Планот треба да биде на кратко набројувајќи 5 приоритети според секоја клучна област.
Оваа средба за застапување се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон