Средба за застапување со претставник на Сектор за урбанизам, комунални дејности и животна средина Општина Тетово

Претставниците на АДРР Сонце и медијаторот од ромската заедница на 16.08.2019 одржаа работна средба со г-ѓа Хана Мемети, претставник на Сектор за урбанизам, комунални дејности и животна средина. На средбата се разговараше за горливите проблеми на ромската заедница во ромските населби како што се населбите “29-ти Ноември“ (Красниќи) и “146“. Во овие две населби најгорливите проблеми се поврзани со канализационата и водоводната инфраструктура со тоа што заедницата нема основни услови за секојдневните потреби. Овие проблеми се идентификувани при теренските посети во заедницата од страна на медијаторот и се бара од страна на Општината овие проблеми да се решат во најскор можен рок.
Оваа средба за застапување се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.