Средби за застапување во Општина Берово и Општина Виница

На 14 декември беа организирани средби за застапување во Општина Виница и Општина Берово, со цел дискусија на конкретни приоритетни прашања кои ја засегаат ромската заедница утврдени при теренските посети во населбите каде што живее заедницата и идентификување на неопходни чекори за справување со прашањата.

На средбите присуствуваа претставници на локалните самоуправи, преставници од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово и медијаторите од ромската заедница кои работаат на терен.

Средбите за застапување беа организирани во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија, кој се имплементира од страна на Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Групата за малцински права – Лондон (МРГ).

Проектот има за цел да поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието во креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.