Трета годишна средба за вмрежување и стратешко поврзување на Мрежата за застапување на Ромите

На 9 јули во Хотел Порта во Скопје се одржа Третата годишна средба за вмрежување и стратешко поврзување на Мрежата за застапување на Ромите организирана од АДРР Сонце и Групата за малцински права-Лондон (МРЏ). Средбата ја отвори Ферди Исмаили, извршниот директор на АДРР Сонце кој ги поздрави присутните и им посака успешна работна средба.

Драги Целевски, претставник на Канцеларијата на  Народниот Правобранител имаше излагање во врска со објавениот Годишен извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите права и слободи 2018 со посебен осврт на наодите од извештајот кои се однесуваат на ромската заедница.

Игор Јадровски, правник во МРЏ  зборуваше за новините во неодамна усвоениот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Игор Антевски, претставник на Министерството за труд и социјална политика имаше излагање за новитетите во Законот за социјална заштита, Законот за социјална сигурност за старите лица и Законот за заштита на децата. Учесниците иницираа дискусија за можните предизвици во имплементација на новите законски решенија, додека претставникот на МТСП одговараше на прашањата поставени од учесниците.

На крајот на средбата организациите членки на мрежата имаа сесија за ревизија на планот за застапување, односно статусот на реаализација на поставените приоритетни цели и евентуални нови ставки за вклучување во планот.

Годишната средба на мрежата е дел од проектната компонента- застапување преку воспоставената Национална Мрежа за застапување на Ромите. Целта на мрежата е преку поголема соработка и здружување на напорите на сите релевантни општествени чинители за човекови права да се зголеми влијанието во спроведување на кампањи и застапувањето како и во адресирањето на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница. Во мрежата членуваат околу 30 граѓански организации кои работат во  областа на човековите права,  дискриминација, правно советување, застапување, ромски прашања, меѓународни организации кои делуваат во земјата и институцијата Народен правобранител.