Трета координативна средба за застапување на меѓународно ниво

На 10 јули се одржа Третата координативна средба за застапување на меѓународно ниво.

На денешната средба Силва Пешиќ, советничка за човекови права, Канцеларија на резидентниот координатор на Обединетите Нации, даде општ преглед за застапување на меѓународно ниво во рамки на Советот за човекови права на ООН. Таа го презентираше списокот на договори на ООН за човекови права, работата на договорните тела (комитети), Советот за човекови права и неговите механизми, функциите на ООН механизмите за ЧП и причините за ангажман на граѓанскиот сектор со механизмите за човекови права. Таа посебно се осврна на циклусот и постапката на известување и улогите на граѓанските општества во циклусот на известување.

Правникот на МРЏ, Игор Јадровски сподели искуства од застапувањето пред Комитетот за елимирање на дискриминацијата врз жените (CEDAW) и даде препораки како организациите да се подготвуваат за застапување пред ваквите тела.

Проектната раководителка на ХЕРА, Драгана Каровска-Чемерска го објасни процесот на застапување на ХЕРА пред УПР и сподели дел од заклучните согледувања и препораки на Универзалниот Периодичен Извештај (УПР) поврзани со правата на Ромите.

Последниот дел на средбата беше фокусиран на идентификување на главните прашања кои би можеле да бидат опфатени со некои од следните извештаи.