На Претседателот на Владата Зоран Заев, Извршниот директор на АДРР СОНЦЕ Тетово – Г-дин Ферди Исмаили му врачи граѓанска иницијатива

На вчерашното гостување на Преседателот на Владата г-дин Зоран Заев во Општина Тетово, Извршниот директор на АДРР СОНЦЕ Тетово – Г-дин Ферди Исмаили му врачи граѓанска иницијатива со потписи од 52 семејства од Општина Велес, и 317 семејства од Општина Струмица. Самата граѓанска иницијатива е продукт на интрвенциите на РОМАКТЕД програмта во Република Македонија.

Исто така како дел од проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ финансиран од ЕУ, носител АДРР СОНЦЕ во партнерство со Групата за Малцински прашања од Лондон, лично беше споделен документот ( policy brief)  изработен од мрежата за застапување во кои членуваат 30 домашни / меѓународни организации, фондации и 12 локални медијатори.

Двете иницијативи дополнително се писмено пратени до следните институции :

Министерство за труд и социјална политика

Агенција за Млади и спорт

Градоначалници на Општина Велес и Струмица

Министерство за транспорт и врски и

Министер без ресор г-дин Аксел Ахмедовски

Во дебата имаше интервенција и програмскиот директот на АДРР СОНЦЕ г-дин Незир Хусеини во кое го споделуваме и видето на овој пост.