8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите – 8th of April International Roma Day

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово, со низа активности заедно со ромската заедница го прославија 8-ми Април, Меѓународниот Ден на Ромите.

Активностите започнаа во сабота 06.04.2019 во 10:30ч со мировниот Марш на достоинството каде ромската заедница маршираше од населба Поток до центарот на градот. Истиот ден беше организиран турнир во мал фудбал и на крајот на денот беше организирана културно-уметничка манифестација во Домот на Културата во Тетово, каде беа присутни самата ромска заедница и ромскиот пратеник г-дин Самка Ибраимовски. Тој им се обрати на присутните, им го честиташе 8-ми Април и напомена дека со помош на ROMACTED програмата и АДРР Сонце во тек на следните години ќе има уште поголеми резултати и реализирани проекти. Во знак на почит и благодарност, извршниот директор Ферди Исмаили и програмскиот директор Незир Хусеини на пратеникот Самка Ибраимовски му врачија плакета за благодарност во име на АДРР Сонце. Манифестацијата продолжи со монодрамата “КОЈ СУМ ЈАС“ од актерот Џенгис Хусеини и музички точки на млади талентирани Роми. На крајот, сертификати за благодарност им беа доделени на младите со цел да бидат поттикнати за да продолжат со добрата работа.

Одбележувањето на 8-ми Април Меѓународниот Ден на Ромите започна со поставувањe на Ромското знаме на јарболот на Општина Тетово, притоа следеше прием кај градоначалничката г-ѓа Теута Арифи каде беа присутни и други преставници од Општината. Тема на дискусија беа досега реализираните проекти, решените проблеми во рамки на ROMACTED програмата, за горливи прашања на ромската заедница и за идните проблематики кои ќе се решаваат со заедничка понатамошна соработка.

Во Република Северна Македонија за жал се уште постојат градови кои никогаш не го одбележале 8-ми Април!

Затоа понеделникот беше историски ден, бидејќи благодарение на ROMACTED програмата во Република Северна Македонија која е имплементирана од страна на АДРР Сонце и програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, во општините Велес и Струмица за прв пат се одбележуваше 8-ми Април, Меѓународниот Ден на Ромите. Во двете општини како клучна активност беше панел дискусијата со панелистите Дениз Селмани од Romalitico, Силхан Саитов од Romaversitas и Даниел Петровски од 24 Vakti, кои зборуваа за Ромската историја, Ромскиот идентитет, Ромскиот јазик и вклучувањето на Ромската заедница во креирањето на јавни политики. Како крајни активности беа музичките точки на млади талентирани Роми и коктелите каде продолжи неформалната дискусија за иднината на ромската заедница.

Голема благодарност на 24 Vakti, Romaversitas и Romalitico за дадената поддршка.

The Roma Democratic Development Association Sonce – Tetovo, with a series of activities together with the Roma community, celebrated the 8th of April, the International Roma Day.

The activities began on Saturday, April 6, 2019, at 10:30 am with the peaceful March of dignity where the Roma community marched from the settlement Potok to the city center. The same day a football tournament was organized and at the end of the day a cultural and artistic manifestation was organized аt the House of Culture Tetovo where the Roma community and the Roma MP Mr. Samka Ibraimovski was present. He addressed the audience, congratulated them the 8th of April and noted that with the help of the ROMACTED program and ADRR Sonce, in the upcoming years, there will be even greater results and accomplished projects. As a sign of respect and gratitude, the executive director Ferdi Ismaili and the program director Nezir Huseini gave to the MP Samka Ibraimovski a certificate of appreciation on behalf of ADRR Sonce. The evening went on with the monodrama “WHO AM I” by actor Xhengis Huseini and the musical performances of young talented Roma children. In the end, certificates of appreciation were given to the young children in order to motivate them to continue with the good work.

The celebration of the 8th of April the International Roma Day in Tetovo began with the setting up of the Roma flag in the pole of the Municipality of Tetovo, followed by a reception with the mayor Mrs. Teuta Arifi, where other representatives of the Municipality were also present. The topic of the discussion was the accomplished projects, the resolved problems within the ROMACTED program, the vulnerable issues of the Roma community and the future issues that will be solved by mutual further cooperation.

Unfortunately, there are still cities in the Republic of Northern Macedonia that have never marked the 8th of April!

That is why Monday was a historical day, because thanks to the ROMACTED program in the Republic of Northern Macedonia, implemented by ADRR Sonce and the Council of Europe Program Office in Skopje, for the first time the municipalities of Veles and Strumica marked the 8th of April, the International Roma Day. In both municipalities, the key activity was the panel discussion with panelists Denis Selmani from Romalitico, Silhan Saitov from Romaversitas and Daniel Petrovski from 24 Vakti, who discussed about Roma history, Roma identity, Roma language and the inclusion of the Roma community in the creation of public policies. As ending activities of the evening were the musical performances of the young talented Roma and the cocktails were the informal discussion about the future of Roma community continued.

Great thanks to 24 Vakti, Romaversitas and Romalitico for their support.