Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Каритас Македонија и Здружение на граѓани за помош и поддршка на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци Љубезност- Скопје го реализира проектот “Take care” финансиран од Австриско Сојузно Министерство за социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачите. Проектот има за цел да придонесе за унапредени, функционални, ефективни и одржливи социјални и здравствени услуги за лица кои се во зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради пандемијата со Ковид- 19. Проектот има за цел да развие и испорача интегрирани социјални, правни и едукативни услуги на лица изложени на најголем ризик од сиромаштија, бездомници и социјално исклучени лица поради Ковид-19 пандемијата. За потребите на проектот Асоцијација за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ- Тетово објавува повик за ангажирање на (1) еден социјален работник.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на социјална работа и политика (VII/1 степен)
- Најмалку 2 годишно работно искуство во областа на социјалната работа, политика и социјална заштита
- Искуство во теренска работа со ромска заедница
- Напредно познавање и користење на англиски јазик
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат:
- Работно искуство во граѓанскиот сектор
- Сензибилизираност за работа со ранливи и социјално исклучени групи на граѓани
Опис на работната позиција– социјален работник:
-остварува секојдневни теренски посети на лица кои се во зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради пандемијата со Ковид- 19 во следните општини: Тетово, Јегуновце и Теарце
– прави проценка на состојбата во која се наоѓаат корисниците и утврдување на нивните потреби од областа на социјалната заштита
-одредува критериуми за вклучување на клиенти во програмата
-помага во надминување на ситуациите со кои се соочуваат корисниците во областа на социјалната заштита, иницира постапки поврзани со остварување на права од областа на социјалната заштита
-отвора и води досие за секој корисник, раководи случаи на корисниците, развива и испорачува социјални услуги на крајните корисници
– ги следи ситуационите фактори кои влијаат врз корисниците од состојбата со Ковид- 19 пандемијата
– одржува редовна комуникација, ги запознава, информира и им помага на корисниците при остварувањето на мерките за помош од Владата за справување со Ковид- 19 пандемијата
– секојдневно соработува со релевантните јавни институции од областа на социјалната заштита и придружува клиенти до институциите кога тоа е потребно
-организира работилници за животни вештини со целната група
-одблиску соработува и разменува информации со останатите членови на проектниот и стручниот тим, учествува во внес на податоци во датотеката и во подготовка на анализа поврзана со дадените услуги и опфатот на клиенти
-учествува во подготовка на извештаи за спроведените проектни активности и постигнати индикатори
Взаемите права и обврски помеѓу избраниот кандидат и АДРР СОНЦЕ ќе бидат уредени во согласност со Законот за работни односи и внатрешните акти на организацијата. Висината на месечниот надоместок за ангажманот изнесува 650 ЕУР бруто со платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Ангажманот е предвиден за полно работно време односно 40 часа во текот на работна недела во траење од 17 месеци (01 август 2021- 31 декември 2022 година).
Начин и рок за пријавување:
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик со наведени референци за претходното работно искуство и потврда за завршено високо образование.
Апликациите се испраќаат на следниот мејл: info@sonce.org.mk најдоцна до 31.07. 2021 година до 16.00 часот со назнака во предмет на пораката: апликација за вработување на социјален работник.
Комисија за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе направи ранг листа според која најдобрите кандидати ќе бидат повикани на разговор. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид.