Highlights of the first year of implementation and progress of the ROMACTED Programme in the Republic of North Macedonia – Истакнувањата од првата година на имплементација и напредокот на ROMACTED програмата во Република Северна Македонија

One year since the official launching of ROMACTED in North Macedonia (19-20 March 2018).

Една година од официјалното лансирање на ROMACTED  во Северна Македонија (19-20 Март 2018 година).

Работилница за НВОи носители на мали грантови од третиот повик

На 06.03.2019 година во просториите на ресторан Bella Mia во Тетово беше одржана работилница со НВОи кои се носители на мали грантови од третиот повик за доделување на мали грантови. Целот на ова работилница беше да се направат презентации за преставниците на НВОи-те кои се носители на мали грантови, Здружение на Роми “АВЕНА“, Хуманитарно и Добротворно здружение на Ромите “Месечина Дебар“, Ромски културен и едукативен центар Тернипе и Хуманитарно и добротворно здружение на ромската интелигенција – Англунипе. Финансискиот раководител на проектот во својата презентација ги објасни административните аспекти при спроведување на проектите, како што се регистрација во СЕП, финансиска евиденција на трошоците, финанските извештаи и друго. Проектниот асистент Оливера Стојковска зборуваше за програмските аспекти кои треба да се имаат во предвид при спроведување на проектите. Главни цели на кои треба да се обрати внимание се: временската рамка и дефинирањето на термините на активностите, организирањето на настани и известување по активностите, наративно известување, мониторинг и тн. Проектниот координатор Маргита Стојанковиќ зборуваше на тоа дека при секоја активност треба да се обезбеди видливост на проектните активности како што би биле: комуникација со јавнста, видливоста на ЕУ подршката, видливоста на постигнатите резултати и импактот. Сите презентации беа проследени со една многу плодна дискусија и прашања од страна на преставниците и проектните координатори.

Прес-конференција: Итно донесување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација – Press conference: Urgent adoption of the new Law on Prevention and Protection against Discrimination

Денешнатата прес конференција организирана и подржана од страна на 100 граѓански организации го имаше зацел предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација веќе 8 месеци е заглавен во Собранието. Ова е првиот чекор на организациите да ја искажат итноста на донесувањето на овој закон и важноста на истиот за граѓаните кои се најчести жртви на дискриминацијата.

Граѓанските организации се изјаснија дека на почетоците на подготвувањето на законот им било ветено подршка од некои пратеници дека истиот ќе биде донесен во најкраток можен рок, а сега истите пратеници ја одолговлекуваат постапката. Новиот предлог-закон предвидува професионализација на Комисијата за заштита од дискриминација, построги критериуми за избор на комисионерите, јавно спроведен избор на комисионери, пократки рокови на постапката за заштита од дискриминација, јакнење на независноста на ова тело и зголемување на надлежностите. Со законот се предвидува и ослободување од плаќање на трошоци за судски такси за граѓаните коишто ќе поведат постапка за дискриминација и се овозможува тужба за заштита од јавен интерес (actio popularis). Во предлог-законот се додадоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, а се проширија и доуредија облиците на дискриминација – имено, експлицитно се препозна сегрегацијата како облик на дискриминација, што е од исклучително значење на Ромите и луѓето со попреченост. Одолговлекувањето на донесувањето на овој закон го загрозува и процесот на интегрирање во Европска Унија, затоа што едно од барањата на Европската Комисија беше промена на овој закон за да биде хармонизиран со европското законодавство. И други меќународни институции изјавуват дека донесувањето на овој закон е клучно за да се добијат позитивни пофалби за Северна Македонија.

Граѓанските организации исто така изјавија дека ова е првиот чекор на организациите и дека доколку не се превземаат постапки од Собранието ќе бидат превземени и други постапки додека не се донесе законот.

Како претставник на Мрежата за застапување на правата на Ромите зборуваше Алмира Реџепи Усеини, која изјави дека:

“Како претставник на Мрежата за застапување правата на Ромската заедница на АДРР Сонце, член на Здружението на правници Роми, но особено како претставник на ромската заедница, чувствувам одговорност да повикам на донесување на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој несомнено ќе воспостави силни законски гаранции во случај на дискриминација и обезбедување на жртвите да бараат ефикасен правен лек, особено ромската заедница, којаисториски  трпи, системска, скриена, директна и повторена дискриминација во сите области на живеење во Република Македонија. Етничките заедници, но особено Ромската заедница е дискриминирана во пристапот до добра и услуги (ресторани, кафулиња, базени и друго), дискриминирана е во областа на вработувањето, трпи говор на омраза и криминал од омраза, а да не почнеме да зборуваме и за тие над 45 % од децата Роми во Македонија кои се запишани да учат во училишта за деца со посебни потреби, факти кои ги потврдуваат извештаите на НР, КЗД и ЕКРИ.

Жените, особено жената Ромка е сеуште на маргините на нашето општество и има отежнат пристап до здравствени услуги, вработување, а да не зборуваме за вклучување во политиката и носењето одлуки. Ромската заедница е сеуште најдискриминираната и една од најмаргинализираната заедница во Македонија, но досегашниот закон, се докажа дека дополнително ја ограничува оваа заедница и други етнички заедници во Македонија во покренувањето на постапки, се зголеми виктимизацијата и се намали храброста кај овие граѓани да се борат за своите права.

Мрежата за застапување на правата на Ромите во Македонија верува дека новиот предлог Закон ќе придонесе кон ефективна реализација на правата на ромската заедница, зголемена храбост за покренување постапки и со тоа намалување на дискриминацијата во Македонија.”

Today’s press conference, organized and supported by 100 civil society organizations, had in aim the draft law on prevention and protection against discrimination that has been stuck in the Parliament for 8 months. This is the first step of the organizations to express the urgency of passing this law and its importance to citizens who are the most frequent victims of discrimination.

Civil society organizations stated that at the beginning of the drafting of the law they were promised support from some MPs that it would be adopted as soon as possible, and now the same MPs are delaying the procedure. The new draft law envisages the professionalization of the Commission for Protection against Discrimination, stricter criteria for selecting commissioners, public selection of commissioners, shorter deadlines for the procedure for protection against discrimination, strengthening the independence of this body and increasing the competencies. The law also envisages exemption from paying the court fees for citizens who will initiate a procedure for discrimination and provides a lawsuit for protection of public interest (actio popularis). Sexual orientation and gender identity as grounds for discrimination were added to the draft law, and the forms of discrimination were expanded and improved – namely, segregation as a form of discrimination was explicitly recognized, which is extremely important for Roma and people with disabilities. The prolongation of the adoption of this law also threatens the process of integration into the European Union, because one of the requirements of the European Commission was to change this law in order to be harmonized with the European legislation. Other international institutions claim that the adoption of this law is crucial in order to gain positive praise for Northern Macedonia.

CSOs also said that this is the first step of the organizations and that if no procedures are taken from the Assembly, other activities will be taken until the law is adopted.

The representative of Roma Advocacy Network Almira Redzepi Useini said that:

“As a representative of the Roma Advocacy Network of ADDR Sonce, a member of the Roma Lawyers Association, but especially as a representative of the Roma community, I feel responsible to call for the adoption of a new draft Law on Prevention and Protection against Discrimination, which will undoubtedly establish strong legal guarantees in case of discrimination and providing victims with an effective remedy, especially the Roma community, which historically tolerates systemic, hidden, direct and repeated discrimination in all areas living in the Republic of Macedonia. Ethnic communities, but especially the Roma community is discriminated against in access to goods and services (restaurants, cafes, swimming pools, etc.), it is discriminated against in the field of employment, it suffers from hate speech and hate crime, and let’s not start talking about the 45% of Roma children in Macedonia who are enrolled in schools for children with special needs, facts that are confirmed by the reports of HP, CPD, and ECRI.

Women, especially Roma women, are still on the margins of our society and have difficult access to health services, employment, not to mention politics and decision-making. The Roma community is still the most disadvantaged and one of the most marginalized communities in Macedonia, but the law so far proved to further limit this community and other ethnic communities in Macedonia in initiating proceedings, increase victimization and reduce the courage among these citizens to fight for their rights.

The Roma Advocacy Network in Macedonia believes that the new draft law will contribute to the effective realization of the rights of the Roma community, increased boldness for initiating procedures and thereby reducing discrimination in Macedonia.“

ТРЕТ ПОВИК- ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ МАЛИ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ОД АКЦИЈА ДО ЕДНАКВИ ПРАВА ЗА РОМИТЕ“ ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во соработка со Групата за малцински права – Лондон (МРГ) објавува трет повик за доделување на грантови на граѓански организации (ГО) во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите”, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации 2015 (Europe Aid /151569/DD/ACT /MK).

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на (2) две локални граѓански организации кои ќе дизајнираат предлог проекти наменети за борба против различните форми на дискриминација со кои се соочува ромската заедница преку зголемување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и јавните власти преку:

клучување на претставници на ромската заедница во развојот на јавната политика или

-Зајакнување на постоечките или развивање на повеќе институционализирани механизми за консултации меѓу заедницата и властите.

За сите информации во однос на содржината на предложените акции, расположливи средтсва, критериуми и начин на поднесување на пријави, може да прочитате во Повикот во прилог.
Крајниот рок за доставување на пријавите е 27 февруари 2019 година најдоцна до 17.00 часот.

Информативна средба се претставници на здруженија на граѓани во рамки на проектот “Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда” – Informative meeting with the representatives of civic associations within the project “Improvement of local policies for ensuring access to justice”

На ден 15.02.2019 година во просториите на Клуб на Граѓани за европска Македонија (ГЕМ клуб) се одржа информативна средба се претставници на здруженија на граѓани во рамки на проектот “Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда”. На оваа средба беа присутни преставници на здруженија на граѓани чија главна дејност на работа еподобрување на условите на ромската заедница. Проектот “Унапредување на локални политики за обезбедување на пристап до правда” што го имплементира АДРР Сонце е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија во партнерство со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ кои ја даваат експертизата и методолошкиот пристап за тоа како да се обезбеди подобар пристап до правда преку подобрување на капацитетите на граѓанските организации и единиците на локална самоуправа. Целта на проектот е унапредување на локалните политики за обезбедување на пристап до правда на ромската заедница и други социјално ранливи групи на граѓани преку зајакнати капацитети, партнерство и консултации на медијатори, граѓански организации, правната заедница и органите на власт на локално и национално ниво.

На информативната сесија претставниците на граѓанските организации беа запознати со програмата Мрежна стратегија за правно зајакнување од страна на  Сузана Велковска, постара координаторка на програма во Фондација Отворено општество – Македонија и со активностите на АДРР Сонце за унапредување на состојбата на Ромите од страна на Ферди Исмаили, извршен директор на АДРР Сонце. Беа презентирани предвидените активности во рамки на проектот, а Јасминска Фришчиќ, Извршната директорка на ЕСЕ зборуваше за значењето на пристапот до правда и потребата за градење на капацитети на засегнатите страни.

On 15.02.2019 in the premises of the Citizen’s Club for European Macedonia (GEM Club), an informative meeting was held by representatives of civil associations within the project “Improvement of local policies for ensuring access to justice”. This meeting was attended by representatives of associations of citizens whose main activity at work is improvement of the conditions of the Roma community. The project “Improving local policies for securing access to justice” implemented by ADRR Sonce is supported by the Foundation Open Society – Macedonia in partnership with the Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women ESE, which will provide the expertise and the methodological approach on how to provide better access to justice by improving the capacities of civil society organizations and local self-government units. The aim of the project is to promote local policies for ensuring access to justice of the Roma community and other socially vulnerable groups of citizens through enhanced capacities, partnership and consultations of mediators, civil society organizations, the legal community and government bodies on local and national level.

At the information session, the representatives of the civil society organizations were introduced with the program Network Strategy for Legal Strengthening by Suzana Velkovska, senior coordinator of the program in the Foundation Open Society – Macedonia and the activities of ADRR Sonce for the improvement of the situation of Roma by Ferdi Ismaili, executive director the ADRR Sun. The projected activities were presented in the framework of the project, and Jaminska Friscic, the Executive Director of ESE, spoke about the importance of access to justice and the need for capacity building of the concerned parties.

Претставниците од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) на мониторинг-посета во Тетово и Гостивар – The representatives of the Roma Education Fund (REF) on a monitoring visit in Tetovo and Gostivar

Во Рамките на проектот “Зголемување на пристапот и партиципацијата на децата Роми до квалитетен ран детски развој и основно образование” имплементиран од стана на Ромскиот Ресурсен Центар во партнерство со Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце, со проектен код ECD-MAC-01, и е финансиран од Европската Унија / DG NEAR, а е менаџиран од страна на Ромскиот Образовeн Фонд од Будимпешта, чии таргет Општини се Скопје, Тетово и Гостивар. На 13.02.2019 година, претставници од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) беа на мониторинг-посета во Тетово и Гостивар. За време на мониторингот беа посетени градинките во Тетово и Гостивар, се оддржа средба со тимот на Асоцијацијата за демократски развој на Ромите – Сонце.

Во рамки на мониторинг посетата, претставниците од РЕФ остварија средба со Градоначалничката Теута Арифи и претставници од Општина Тетово.
Истиот ден се оддржа средба со Раководителката на Секторот за образование, Аслиан Снопче и претставници од Општина Гостивар.

In the framework of the project “Increasing the access and participation of Roma children to quality early childhood development and primary education” implemented by the Roma Resource Center in partnership with the Roma Democratic Development Association – Sonce, with project code ECD-MAC-01, and is funded by the European Union / DG NEAR, and managed by the Roma Education Fund from Budapest, whose Target Municipalities are Skopje, Tetovo and Gostivar. Оn February 13, 2019, representatives of the Roma Education Fund (REF) were on a monitoring visit in Tetovo and Gostivar. During the monitoring, they visited the kindergartens in Tetovo and Gostivar, also they established a meeting with the team of the RDDA -Sonce.

Within the monitoring visit, REF representatives met with the Mayor Teuta Arifi and representatives from the Municipality of Tetovo.
The same day has held a meeting with the Head of the Education Department, Aslian Snopce and representatives from the Municipality of Gostivar.

ТРЕТ ПОВИК- продолжување на рокот за доделување мали грантови на граѓански организации во рамки на проектот „Од акција до еднакви права за Ромите“ финансиран од Европската Унија

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во соработка со Групата за малцински права – Лондон (МРГ) објавува трет повик за доделување на грантови на граѓански организации (ГО) во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите”, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанските организации во рамките на Акцијата за подршка на граѓанските организации 2015 (EuropeAid/151569/DD/ACT /MK).

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на (4) четири локални граѓански организации кои ќе дизајнираат предлог проекти наменети за борба против различните форми на дискриминација со кои се соочува ромската заедница преку зголемување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и јавните власти преку:

клучување на претставници на ромската заедница во развојот на јавната политика или

-Зајакнување на постоечките или развивање на повеќе институционализирани механизми за консултации меѓу заедницата и властите.

За сите информации во однос на содржината на предложените акции, расположливи средтсва, критериуми и начин на поднесување на пријави, може да прочитате во Повикот во прилог.
Крајниот рок за доставување на пријавите е 20 февруари 2019 година најдоцна до 17.00 часот.

Средби за застапување во Општина Берово и Општина Виница

На 14 декември беа организирани средби за застапување во Општина Виница и Општина Берово, со цел дискусија на конкретни приоритетни прашања кои ја засегаат ромската заедница утврдени при теренските посети во населбите каде што живее заедницата и идентификување на неопходни чекори за справување со прашањата.

На средбите присуствуваа претставници на локалните самоуправи, преставници од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово и медијаторите од ромската заедница кои работаат на терен.

Средбите за застапување беа организирани во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европската Унија, кој се имплементира од страна на Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Групата за малцински права – Лондон (МРГ).

Проектот има за цел да поттикне поголемо и ефективно учество на ромската заедница во одлуките кои влијаат на нивните животи со цел влијанието во креирањето на политиките да придонесе кон намалување на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница.

Видео: Национална тркалезна маса”Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита”

Национална тркалезна маса се одржа на 21 11 2018 во Скопје. Тркалезната маса беше организирана во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите” финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРГ)

Се одржа национална тркалезна маса за застапување:Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита

Национална тркалезна маса за застапување се одржа на ден 21.11.2018 со цел објавување на брифингот Ромите во Република Македонија: Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита, во Хотел Мериот во Скопје.

Брифингот, објавен на англиски, македонски, албански и ромски јазик, е издаден преку соработката на МРГ и СОНЦЕ. Истиот дава бројни препораки до македонската влада и локалните самоуправи. Брифингот се фокусира на три клучни области во кои Ромите и понатаму се соочуваат со дискриминација: образование, домување и здравство.

На тркалезната маса говорници беа: Министерот без ресор г-дин Аксел Ахмедовски, г-дин Самка Ибраимоски-Пратеник во Собрание на РМ, г-ѓа Васка Бајрамоска- заменик Народен правобранител, Атиџе Османова-проектен медијатор и Мако Демиров- претставник од ромската заедница. Исто така во првиот панел имаше воведно обраќање и извршниот директор на АДРР СОНЦЕ – Г-дин Ферди Исмаили.

 На настанот беа поканети претставници на државни институции од клучните области, претставници на меѓународни институции/организации, експерти, организациите членки на Мрежата за застапување на Ромите и медијатори.
Тркалезната маса беше организирана во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите” финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРГ)

Онлине брифингот на повеќе јазици може да го најдете на следниве линкови :

MRG_Brief_Mac_ENG_Nov18

MRG_Brief_Mac_MAC_Nov18

MRG_Brief_Mac_ROM_Nov18

MRG_Brief_Mac_ALB_Nov18 (1)