Работна средба со г-дин Сејдин Абази, раководителот на Сектор за комунални дејности, инфаструктура, собраќај и енергетска ефикасност во Општина Кичево

Претставниците на АДРР Сонце и медијаторот од ромската заедница на 29 јули одржаа работна средба со г-дин Сејдин Абази, раководител на Сектор за комунални дејности, инфаструктура, собраќај и енергетска ефикасност во Општина Кичево. На средбата се разговараа повеќе потреби и предизвици идентификувани при теренските посети во заедницата од страна на медијаторот и реалните можности на Општината да одговори на тие предизвици.
Оваа средба за застапување се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.

 

Работна средба со преставници од програмата за Здравствена заштита/Параправна помош од Њујорк и преставници од Фондација за Отворено Општество

На 24 јули во просториите на АДРР Сонце беа пречекани преставници од програмата за Здравствена заштита/Параправна помош од Њујорк заедно со преставници од Фондација за Отворено Општество. За време на состанокот параправниците на проектот го опишаа нивниот работен ден и споделија позитивни примери и приказни од нивните работни денови, какви се најчестите проблеми со кои тие се сочуваат и како со нивна помош и интервенција проблемите се решаваат. Извршниот директор Ферди Исмаили ја објасни работата на организацијата и сподели информации како вработените во Сонце прават синергија на проекти и имаат добра соработка во споделување на информации за решавање на проблеми со кои параправниците се соочуваат на терен од областа на здравството, образованието, социјалната заштита и други проблеми кои влијаат на заедницата.

Трета координативна средба за застапување на меѓународно ниво

На 10 јули се одржа Третата координативна средба за застапување на меѓународно ниво.

На денешната средба Силва Пешиќ, советничка за човекови права, Канцеларија на резидентниот координатор на Обединетите Нации, даде општ преглед за застапување на меѓународно ниво во рамки на Советот за човекови права на ООН. Таа го презентираше списокот на договори на ООН за човекови права, работата на договорните тела (комитети), Советот за човекови права и неговите механизми, функциите на ООН механизмите за ЧП и причините за ангажман на граѓанскиот сектор со механизмите за човекови права. Таа посебно се осврна на циклусот и постапката на известување и улогите на граѓанските општества во циклусот на известување.

Правникот на МРЏ, Игор Јадровски сподели искуства од застапувањето пред Комитетот за елимирање на дискриминацијата врз жените (CEDAW) и даде препораки како организациите да се подготвуваат за застапување пред ваквите тела.

Проектната раководителка на ХЕРА, Драгана Каровска-Чемерска го објасни процесот на застапување на ХЕРА пред УПР и сподели дел од заклучните согледувања и препораки на Универзалниот Периодичен Извештај (УПР) поврзани со правата на Ромите.

Последниот дел на средбата беше фокусиран на идентификување на главните прашања кои би можеле да бидат опфатени со некои од следните извештаи.

Трета годишна средба за вмрежување и стратешко поврзување на Мрежата за застапување на Ромите

На 9 јули во Хотел Порта во Скопје се одржа Третата годишна средба за вмрежување и стратешко поврзување на Мрежата за застапување на Ромите организирана од АДРР Сонце и Групата за малцински права-Лондон (МРЏ). Средбата ја отвори Ферди Исмаили, извршниот директор на АДРР Сонце кој ги поздрави присутните и им посака успешна работна средба.

Драги Целевски, претставник на Канцеларијата на  Народниот Правобранител имаше излагање во врска со објавениот Годишен извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите права и слободи 2018 со посебен осврт на наодите од извештајот кои се однесуваат на ромската заедница.

Игор Јадровски, правник во МРЏ  зборуваше за новините во неодамна усвоениот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Игор Антевски, претставник на Министерството за труд и социјална политика имаше излагање за новитетите во Законот за социјална заштита, Законот за социјална сигурност за старите лица и Законот за заштита на децата. Учесниците иницираа дискусија за можните предизвици во имплементација на новите законски решенија, додека претставникот на МТСП одговараше на прашањата поставени од учесниците.

На крајот на средбата организациите членки на мрежата имаа сесија за ревизија на планот за застапување, односно статусот на реаализација на поставените приоритетни цели и евентуални нови ставки за вклучување во планот.

Годишната средба на мрежата е дел од проектната компонента- застапување преку воспоставената Национална Мрежа за застапување на Ромите. Целта на мрежата е преку поголема соработка и здружување на напорите на сите релевантни општествени чинители за човекови права да се зголеми влијанието во спроведување на кампањи и застапувањето како и во адресирањето на дискриминацијата со која се соочува ромската заедница. Во мрежата членуваат околу 30 граѓански организации кои работат во  областа на човековите права,  дискриминација, правно советување, застапување, ромски прашања, меѓународни организации кои делуваат во земјата и институцијата Народен правобранител.

THE FIRST ROMACTED NATIONAL WORKSHOP IN NORTH MACEDONIA

The first ROMACTED national workshop was held in between the dates 25-27 June at Hotel Scardus in Popova Sapka with the structures of the 12 Municipalities included in the ROMACTED program, the ROMACTED facilitators, the Institutional Working Group and the Community Action Group.

During one of the working days the task for the participants was identifying the priorities of the Roma community on local level and reviewing the ways how to incorporate these priorities in the annual working programs of the municipalities. The third and last day of the ROMACTED National Workshop focused on the budget and budgetary cycle at local level, entry points for incorporating Roma and gender sensitive budgeting, upon which was also touched the monitoring and evaluation process of activities that are going to be implemented in the municipalities in order to improve the quality of living conditions for the Roma community.
In addition, the participants touched upon specific good practices of mainstreaming of Roma priorities in programming and budgeting.

 

Field visit of the ROMACTED representatives

On 20th June the representative of the European Commission, advisor-coordinator of Roma policy Marta Garcia Fidalgo, Kristina Vujic from DG NEAR, and the representatives of the Council of Europe Marcos Andrade-ROMACTED Program Manager and, Marina Vasic-Project Officer of the ROMACTED program, had a field visit at the “Mladost” kindergarten in Tetovo, which has been reconstructed and renovated with the support of the project “Increasing the access and participation of Roma children to quality early childhood development and primary education” implemented jointly between Roma Resource Centar – Skopje and RDDA SONCE and financially supported by DG Near and Roma Education Fund. The institutional and community structures of ROMACTED program in the Municipality of Tetovo was also actively involved as a synergy of this initiative.
Topic of discussion was the number of children engaged in this kindergarten, the most common difficulties with which the director of this institution faces every now and then, the organization of classes, the importance given to the chance of having mix classrooms in order to enhance the inclusion of the Roma children and etc.
The other part of the field visit included a discussion with the Community Action Group and highlighting the most urgent problems of the community and what needs to be done for them to be resolved in a shorter period of time. The problems were presented by the CAG and the systematic solutions were discussed.
The final part of the visit included a meeting with the Mayor of the Municipality of Tetovo, Mrs. Teuta Arifi, to whom the representatives of the ROMACTED program presented the problems discussed earlier with CAG and asked for solutions to be provided. Mrs. Arifi also had the opportunity to explain to the representatives the progress that has been made until know with collaboration of the ROMACTED team and the Municipality and, the plans for further implementation of the aims of the ROMACTED program.

Second ROMACTED Steering Committee meeting

The second Steering Committee of the Joint European Union and Council of Europe ROMACTED Program on “Promoting good governance and Roma empowerment at local level” was held in Skopje on 18 June 2019.

The meeting gathered together representatives from the Directorate-General for Neighborhood and Enlargement Negotiations (DG NEAR), the Council of Europe, the European Union Delegation to North Macedonia, representatives from the Ministry of Labor and Social Policy and the Cabinet of the Minister without Portfolio (North Macedonia), mayors from the 12 partner municipalities (North Macedonia), representatives from international organisations, National Roma Contact Points and #ROMACTED support teams from seven beneficiaries.

The Joint #EU / #CoE Program is implemented by the Council of Europe`s Roma and Travellers Team and the Office of the Directorate General of Program in seven beneficiaries of the Western Balkans and Turkey. It is aimed at building up political will and sustained policy engagement of local authorities to enhance democratic local governance, while stimulating the empowerment of the local Roma communities to contribute to the design, implementation and monitoring plans and projects concerning them.

 

Прва работна средба на Неформалната мрежа на повратници во Република Северна Македонија

Првата работна средба на Неформалната мрежа на повратници во Република Северна Македонија со преставници на НВО, се одржа на 14.06.2019 во Хотел Порта, Скопје.

Оваа мрежа е подржана од страна на канцеларијата на ГИЗ во Северна Македонија. Од дискусиите на оваа средба произлегоа конкретни чекори, насоки и инструкции за работата на мрежата во иднина.

Советот на Oпштина Дебар ќе го усвои новиот заеднички план на програмата ROMACTED – Тhe Council of the Municipality of Debar will adopt the new Joint Action Plan of the ROMACTED program – Këshilli i Komunës së Dibrës do të miratojë planin për akcion të përbashkët nga programa ROMACTED

На 12.06.2019 година. Г-дин Незир Хусеини, од програмата #ROMACTED оствари состанок со Градоначалникот на општина Дебар, г-дин Хекуран Дука. На состанокот присуствуваа и членовите на општинската работна група Газменд Цами, раководител на гео-инжињеринг Или Мизо, секретар на општина Дебар, Фуат Спахиу член на Советот на општина Дебар и Урим Куртиши, одговорно лице назначено од градоначалникот за програмата #ROMACTED. Тимот на #ROMACTED на новиот градоначалник г-дин Хекуран Дука му ја презентираше програмата #ROMACTED и досегашната работа на локалната акциона група (ЛАГ).

За време на состанок беа презентирани четири приоритети од заедничкиот акциски план:

  • Реконструкција на спортско игралиште во дворно место ОУ Саит Најдени
  • Детско игралиште во дворно место на ОУ Саит Најдени
  • Фекална канализација во ромското маало Вџени Дебар
  • Изнајмување и опремување на просторија за изложба на традиционални обележија

По презентација на четирите приоритети се донесе одлука #ROMACTED програмата да ги финансира преку грантовите првите два приоритети 1 и 2, а 3 и 4 приоритет да ги финансира општинаа Дебар.

Од страна на #ROMACTED тимот беше побарано Joint Action Plan-от што е можно поскоро да биде усвоен на совет и истиот да биде официјално потпишан од градоначалникот г-дин Дука.

Претседателот на советот г-дин Башким Машкули вети дека на наредната седница на советот Joint Action Plan-от ќе се стави на усвојување.

Благодарност до градоначалникот и ЛАГ за добриот пречек на тимот на #ROMACTED.

On June 12, Mr. Nezir Huseini from the program #ROMACTED had a meeting with the Mayor of the Municipality of Debar, Mr. Hekuran Duka. The meeting was also attended by the members of the municipal working group: Gazmend Cami, the head of the geo-engineering company Ylli Mizo, the secretary of the municipality of Debar, Fuat Spahiu member of the Council of the municipality of Debar and Urim Kurtishi, the responsible person appointed by the mayor for the program #ROMACTED. The #ROMACTED team presented the #ROMACTED program to the new mayor, Mr. Hekuran Duka, and the current work of the local action group (LAG).

During the meeting, four priorities from the joint action plan were presented:

  • Reconstruction of a sports playground in the yard of the ES Sait Najdeni
  • Children’s playground in the yard of the ES Sait Najdeni
  • Fecal sewerage in the Roma neighborhood Vgeni Debar
  • Renting and equipping a room for an exhibition of traditional landmarks

After the presentation of the four priorities, it was decided that the #ROMACTED program should finance the first two priorities through the grants, and priority 3 and 4 would be financed by the municipality of Debar. The #ROMACTED team asked for the Joint Action Plan to be adopted as soon as possible and to be formally signed by the Mayor Mr. Duca.

The chairman of the council Mr. Bashkim Mashkulli promised that at the next session of the council he will put the Joint Action Plan for adoption. Thanks to the mayor and the LAG for the good reception of the #ROMACTED team.

Më 12 qershor, Z. Nezir Huseini, nga programa #ROMACTED pati një takim me kryetarin e Komunës së Dibrës, z Hekuran Duka. Në takim morën pjesë edhe antarët e Grupit Punues Komunal Gazmend Cami, kreu i sektorit për gjeo-inxhinieri, Ylli Mizo sekretarit i komunës së Dibrës, Fuat Spahiu anëtar i Këshillit të Dibrës dhe Urim Kurtishi personi përgjegjës i caktuar nga kryetari i komunës për programin #ROMACTED. Ekipi #ROMACTED kryetarit të ri Z. Hekuran Duka ia prezentuan programin #ROMACTED dhe punën e deritanishme të grupit të veprimit lokal (LAG).

Gjatë takimit u prezantuan katër prioritete nga plani i përbashkët i veprimit:

  • Rindërtimi i një sheshi sportive në oborrin e SH.F. Sait Najdeni
  • Shesh lojërash për fëmijë në oborrin e SH.F Sait Najdeni
  • Kanalizime fekale në lagjen rome Vgjeni Dibër
  • Marrja me qira dhe pajisja e një hapësire për një ekspozitë të monumenteve tradicionale

Pas prezantimit të katër prioriteteve programi #ROMACTED ka vendosur që dy të parat të jenë të financuar përmes granteve ndërsa e 3 dhe 4 të jenë të financuara nga komuna e Dibrës.

Timi i #ROMACTED kërkoi që Joint Action Plan- et të miratohen nga Këshilli sa më shpejtë që është e mundur dhe të nënshkruhen zyrtarisht nga kryetari z.Duka.

Kryetari i këshillit komunal, Z. Bashkim Mashkulli premtoi se Joind Action Plan-ot do të vendoset në rend dite për miratim në seancën e ardhshme të Këshillit.

E falenderojmë kryetarin e Komunës dhe grupit të veprimit lokal për mikëpritjen ndaj #ROMACTED ekipit.

 

Средба за застапување со претставници на Општина Штип

На 11 јуни во Општина Штип, претставници на АДРР Сонце и Групата за малцински права- Лондон остварија средба со претставници на Општина Штип. На средбата се разговараа прашања кои ја засегаат ромската заедница утврдени при теренските посети во Штип каде што живее заедницата и за можностите да се преземат определени чекори за справување со истите. Оваа средба се реализираше во рамки на проектот Од акција до еднакви права на Ромите финансиран од Европска Унија, имплементиран од АДРР Сонце во партнерство со Групата за малцински права од Лондон.