Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за испорака на (2) две партнерски средби

Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце и Меѓународната група за малцински права (MRG) во рамки на тригодишниот проект “Од акција до еднакви права за Ромите” финансиран од Европска Унија, имаат потреба од експерт/ка за испорака на (2) две партнерски средби.
Сонце и МРГ организираат партнерски средби помеѓу акциските групи на заедницата, локалните власти, ромскиот граѓански сектор и медијаторите Роми во текот на тригодишниот период на имплементација. Целта на овие средби е зајакнување на капацитети на стејкхолдерите на локално ниво, поттикнување на заедничка соработка, развивање на нови или подобрување на постоечките иницијативи за учество во креирање на политики преку размена на идеи за најдобри практики, дискутирање на можности за подобрување, вклучително и развој на поинституционализирани тела за заеднично одлучување. Партнерските средби во втората година од имплементација ќе ги опфатат следните теми: анализа на ситуацијата во локалните ромски заедници, улогата на акциските групи на заедницата, стратешки документи со кои располага општината, имплементација на локалните акциски планови и мониторинг на локалните политики, дефинирање на приоритети за решавање за 2018/2019 година.
Детални информации за потребни квалификации, работни задачи и одговорности може да најдете во приложениот повик.
Заинтересираните кандидати да ги достават своите апликации- кратка биографија, писмо на интерес и референтна листа на претходно искуство до Оливера Стојковска, проектен асистент на следната е-маил адреса: o.stojkovska@sonce.org.mк најдоцна до 22 јуни 2018 година.