Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Каритас Македонија и Здружение на граѓани за помош и поддршка на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци Љубезност- Скопје го реализира проектот “Take care” финансиран од Австриско Сојузно Министерство за социјални работи, здравје, грижа и заштита на потрошувачите. Проектот има за цел да придонесе за унапредени, функционални, ефективни и одржливи социјални и здравствени услуги за лица кои се во зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради пандемијата со Ковид- 19. Проектот има за цел да развие и испорача интегрирани социјални, правни и едукативни услуги на лица изложени на најголем ризик од сиромаштија, бездомници и социјално исклучени лица поради Ковид-19 пандемијата. За потребите на проектот Асоцијација за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ- Тетово објавува повик за ангажирање на (1) еден доктор по општа медицина.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование- Медицински факултет
- Положен стручен испит
- Лиценца за работа во дејноста
- Најмалку 2 годишно претходно работно искуство во областа на медицината
- Искуство во теренска работа со ромска заедница
- Напредно познавање и користење на англиски јазик
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат:
- Професионален и љубезен однос кон крајни корисници
- Сензибилизираност за работа со ранливи и социјално исклучени групи на граѓани
- Специјализација во определна гранка од медицината
- Искуство во работа во граѓанскиот сектор
Опис на работната позиција– доктор по општа медицина:
-остварува теренски посети два пати во неделата на лица кои се во зголемен ризик од сиромаштија и социјална исклученост заради пандемијата со Ковид- 19 во следните општини: Тетово, Јегуновце и Теарце
-го унапредува здравјето, спречува, лечи и открива болести кај крајните корисници, промовира здрави животни навики помеѓу целната група
-дава здравствени услуги на крајните корисници: прегледува, зема анамнеза земајќи ги во предвид физичките, психичките и социјалните аспекти на болестите, упатува на дополнителни анализи, толкува добиени наоди, проценува итност и тежина на здравствена состојба, потреба од упатување на специјалистички преглед или болничко лечење, пропишува лекови и други начини на лечење и го следи текот на болеста и успешноста во лечењето
-организира работилници за животни вештини со целната група
-одблиску соработува и разменува информации со останатите членови на проектниот и стручниот тим, учествува во внес на податоци во датотеката и во подготовка на анализа поврзана со дадените услуги и опфатот на клиенти
-учествува во подготовка на извештаи за спроведените проектни активности и постигнати индикатори
Висината на месечниот надоместок за ангажманот изнесува 350 ЕУР бруто. Ангажманот е предвиден за 16 часа во текот на работна недела (40% работен ангажман) во траење од 17 месеци (01 август 2021- 31 декември 2022 година).
Начин и рок за пријавување:
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик со наведени референци за работно искуство и диплома за завршено образование, положен стручен испит и лиценца за работа во дејноста.
Апликациите се испраќаат на следниот мејл: info@sonce.org.mk најдоцна до 31.07. 2021 година до 16.00 часот со назнака во предмет на пораката: апликација за доктор по општа медицина.
Комисија за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа пристигнатите апликации и ќе направи ранг листа според која најдобрите кандидати ќе бидат повикани на разговор. Ненавремени и нецелосни апликации нема да бидат земени во предвид.